Фудбалската федерација на Мaкeдонија (ФФМ) најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на натпреварот со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.
Федерацијата информира дека поднеле официјален допис до УЕФА во кој бараат најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.
„Како „Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме. Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат,“ се вели на фејсбук-профилот на Фудбалската репрезентација на Македонија.
Инаку, Арнаутовиќ, се извини за инцидентот и на македонски и на албански јазик и на неговиот профил на Инстаграм напиша дека не бил расист.