Македонија изгуби од Австрија на првиот настап на Европското првенство во фудбал
јуни 13, 2021
Македонија изгуби од Австрија на првиот настап на Европското првенство во фудбал, кој се одржа во Букурешт, со три спрема еден. Австријците дадоа три гола, а првиот гол за Македонија на едно Европско првенство го постигна Горан Пандев. Следниот меч нашата репрезентација ќе го игра во четврток од 15 часот, со Украина.