fbpx

Учеството на регионот во вкупната трговска размена на ЕУ изнесува само 1,1 процент

-

Предлозите за нови инвестиции да произлезат од реалниот сектор, забрзани реформи, дополнителни инфраструктурни инвестиции за клучните коридори, како и поврзаност на балканските градови, се клучните компоненти за зголемување на економскиот пораст во земјите од Западен Балкан.

Овие предлози ги презентирал претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на Регионалната коморска конференција во Виена.

За нив, денеска говореше оперативниот директор на Стопанската комора, Елена Милевска-Штрбевска, која истакна дека ќе бидат содржани во Акциониот план на стопанските комори, што ќе биде презентиран на Самитот на балканските лидери за Западен Балкан на 27 август во Виена, во рамките на „Берлински процес“.

– Неопходно е предлозите за нови инвестции што ќе бидат поддржани од Владата на Германија и од ЕУ, да произлезат од реалниот сектор за да може да се обезбеди поголем економски пораст и повеќе вработувања. За да се постигнат резултати, треба да се работи на заеднички инвестициски проекти. Како што главната транспортна мрежа на Унијата ги поврзува нејзините главни градови, главните економски центри и пристаништа, така и на Западен Балкан му е потребна забрзана реформа и дополнителни инфраструктруни инвестиции за клучните коридори и за поврзаност на балканските градови – изјави Милевска-Штрбевска.

Учеството на регионот во вкупната трговска размена на ЕУ изнесува само 1,1 процент во 2014 година. Индивидуалните удели на секоја одделна земја се уште пониски.

– Тоа е очајно слаб економски резултат, кој во наредните години треба да се зголеми двојно, имајќи предвид дека и сега Европската унија е најголем трговски партнер на Западен Балкан, со повеќе од 75 проценти од вкупната трговија во регионот – додаде Милевска-Штрбевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...