fbpx

Учесниците на протестите „Против диктатурата“ се придружија на Маршот за науката во Белград

-

Учесниците на протестите „Против диктатурата“, кои неколку седмици се одвиваат во најголемите градови на Србија, вчера се придружија на Маршот за науката во Белград, во рамките на кој масата демонстранти се прошетаа по централните улици на главниот град на Србија до Собранието на Србија.

Научниците од Србија се собраа на марш за науката истовремено со свои колеги во повеќе од 500 градови од целиот свет, а ним им се приклучија и учесниците на протестите против власта. Двете групи се сретнаа пред зградата на Српската академија на науките и уметностите, откаде тргна протестната поворка, упатувајќи се преку неколку улици до седиштето на српскиот парламент.

Учесниците на маршот предупредија дека Србија издвојува најмалку од сите европски земји за науката, како и дека поради забраните за вработување е невозможно да се ангажираат млади истражувачи, кои се присилени да ја напуштаат земјата или да се снаоѓаат за живот на други начини.

Во поворката се носеа транспаренти „Марш за науката, а не марш науко!“, „Со знаење против диктатурата“, „Наука без цензура“, „Не вложувате во образованието за да не ги загубите изборите“, „Против теророт на власта“, „Доведуваат богати Арапи, а јас немам ни за чорапи“.

Учесниците на протестот „Против диктатурата“ ги извикуваа досега познатите пароли „Не ја даваме Србија“ и „Против диктатурата“, а со скандирање „Утре пак во 18“ го најавија денешното продолжение на протестот, што од 3 април се одвива секој ден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...