fbpx

Уапсен третиот пиштолџија од инцидентот кај „Скендербег“ и уште еден насилник што нападна полициски службеници

-

Полициските службеници го уапсиле и третото лице кое имаше пиштол при инцидентот кај „Скендербег“ минатата недела за време на протестите против францускиот предлог, соопшти Министерството за внатрешни работи додавајќи дека станува збор за А.Р. и дека тој го признал делото.

Полицијата претходно приведе уште две лица кои имаа огнено оружје, а еден од нив и пукаше во воздух. 

Од МВР исто така, соопштија и дека Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал во содејство со Единицата за интервентна полиција, двете при СВР Скопје, го лишиле од слобода и Р.Р.(37) од Скопје.

Тој на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, фрлал со камења кон полицискиот кордон и зградата на Собранието и физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства.

„По преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, Р.Р. е приведен во полициска станица и против него се обезбедени сите докази. Во координација со ОЈО Скопје против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик, по што лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка“, наведено е во полициското соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...