fbpx

Турција поставува американски антиракетен систем на границата со Сирија

-

Турција се договорила со САД во мај да го постави американскиот антиракетен систем на својата граница со Сирија за да се спротивстави на сè почестите напади на милитантната група Исламска држава, соопшти шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

– Постигнавме спогодба од труската страна на границата да се распоредат американските ракети ХИМАРС, односно високомобилен ракетен артилериски систем – рече Чавушоглу за весникот „Хабертирк“.

Околу 40 ракети се истрелани годинава на турскиот пограничен град Килис, од зона во Сирија, која е под контрола на милитантите. За време на нападите загинаа 17 цивили.

Антиракетниот систем ХИМАРС има дострел до 90 километри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...