За странските партнери на компаниите, земјава е „ризично подрачје“

-

Откажување на договорите и на нарачките од странство, отежната наплата од домашните компании и од јавните институции, проблеми со ликвидноста се тоа со што во моментов се соочуваат македонските компании.

Ова беше истакнато на одбележувањето на 94-годишнината на Стопанска комора.

Според директорката на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора, Билјана Пеева-Ѓуриќ, овие проблеми на македонските компании подолго време се провлекуваат, но со политичката криза се многу повеќе изразени.

– Засега најголема опасност се гледа во губењето на постојните и потенцијални странски партнери со кои соработуваат или планираат да соработуваат македонските комапнии. Веќе имаме примери од компании, на кои, во контакти со странските партнери, им е наведено дека како земја сме окарактеризирани како „ризично подрачје“. Затоа кај странските партнери се јавува резервираност во соработката, поради постоење на ризик од ненавремена испорака на производи или услуги – истакна Ѓуриќ-Пеева.

Негативните последици можат да се почувствуваат кај компаниите од металскиот, земјоделско-прехранбениот, металуршкиот и од текстилниот сектор.

Стопанската комора спровела анкета на која одговориле 1.000 компании од различни стопански дејности.

На прашањето дали компаниите имаат најави за откажување на договори со странски партнери, 37 отсто од компаниите одговориле со „да“, а 63 отсто дека засега немаат таква најава.

– Има откажување на посети кои биле најавени од потенцијалните странски партнери, што предизвикува губење или одложување на нови потенцијални нарачки кои ќе предизвикаат сериозни проблеми во однос на пополнување на прозводствените капацитети на компаниите за наредниот период – додаде Ѓуриќ-Пеева.

Како резултат на несклучување нови договори, како и на намалената наплата на побарувања, во одредени компании има намалување на високостручниот кадар кој е потребен за изработка на проекти за извоз.

Имајќи предвид дека изминатата година со земјите на ЕУ сме реализирале извоз кој учествувал со 77, 1 отсто од вкупниот извоз на земјата, кај бизнисмените постои сериозна загриженост во однос на одземање на препораката за претпристапни преговори на Македонија со Европската Унија.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...