fbpx

Турција ѝ предложи на Русија соработка против Исламска држава

-

Турција ѝ предложила на Русија соработка во борбата против екстремистичката група Исламска држава во Сирија.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека ќе соработуваат со сите што се борат против ИД.

Понудата за соработка доаѓа во време кога Анкара и Москва почнаа да ги затоплуваат односите откако турскиот претседател Реџап Таип Ердоган се извини за соборувањето на рускиот воен авион во ноември минатата година.

Турција и Русија се борат против ИД, но на различни страни во сирискиот конфликт. Анкара ги поддржува опонентите на сирискиот претседател Башар ал Асад, а Русија го поддржува Асад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...