fbpx

Тунтев: Формирањето 10 пратенички групи е класична блокада на Собранието и на реформите

-

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, на прес-конференција во Собранието изјави дека формирањето десет пратенички групи е класична блокада на законодавниот дом, како и блокада на реформите и оневозможување на граѓаните да ги добијат потребите услуги од државата.

– Со ваквата блокада, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува лицемерно, себично, неодговорно и на директна штета на граѓаните. Парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, ќе направи сè за да не застанат реформите за кои гласаше мнозинството граѓани и кои носат добро за сите. Од авион се гледа дека опструираат за да не биде разрешен Марко Зврлевски. Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од ваквиот несовесен потег, кој, всушност, претставува понижување и девастација на институцијата Собрание, понижување на граѓаните и на демократските вредности и е спротивен од државните и интересите на граѓаните – изјави Тунтев.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ додаде дека ниту граѓаните, ниту државата не смеат да бидат заложници на неколку лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...