fbpx

Ципрас во мисија да се спречи нов пожар во СИРИЗА

-

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, се очекува да почне со нови иницијативи и средби со членовите на СИРИЗА за да спречи можен одлив на гласови и на поддржувачи на владината програма во пресрет на новите гласања за другите мерки и реформи договорени со европските партнери.

Со сè погласните медиумски објави за строгите мерки за штедење како намалувањето на пензиите, здравственото и на пензиското осигурување, според информациите во Грција полека почнува да се топи и поддршката од членовите на СИРИЗА за владиниот пакет мерки за штедење. Со парламентарното мнозинство опаднато на 153 пратеници, Ципрас не може да си дозволи да изгуби ниту еден глас и поддршка, зашто тоа повторно би го донело пред принудна одлука за нови предвремени избори.

Поради ова Ципрас веќе одржува и планира во следните неколку недели да се сретне со поголем број пратеници од СИРИЗА од различните префектури за да ги слушне нивните идеи за новите мерки и да се обиде да ги убеди дека не отстапуваат од партиската идеологија за клучни теми како работничките права и здравствените и пензиските бенефиции. Идејата е премиерот да покаже отвореност и интерес да слушне за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од различни делови на Грција, но и да ги информира пратениците за битките што ќе се водат следниот период во грчкиот парламент за да ги има на своја страна.

Покрај ветувањето дека се прави обид да се избегне намалување на пензиите, Ципрас им посочил дека владата преговара да се намали зголемувањето на данокот за земјоделците, проблем кој засегнува голем дел од пратениците од различни префектури во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...