fbpx

Триесет години јубилеј од приемот во Обединетите Нации

Република Северна Македонија денеска одбележува 30 години од приемот во Организацијата на Обединетите нации. На 8 април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјава беше примена за 181 полноправна членка на светската организација

-

Република Северна Македонија денеска одбележува 30 години од приемот во Организацијата на Обединетите нации. На 8 април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјава беше примена за 181 полноправна членка на светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година.

Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи им го честиташе овој јубилеј на сите граѓани.

„Денеска се навршуваат 30 години од денот кога нашата татковина беше примена како самостојна и независна држава во Обединетите Нации, еден од најважните денови за нашето меѓународно признавање и интегрирање. Тогаш, на 8 април 1993 година, во зградата на ОН во Њујорк, во свечена атмосфера и со акламација од сите членки на семејство на народите беа потврдени сите државотворни атрибути на нашата држава според сите меѓународно прифатени стандарди. На таа седница во седиштето на ОН ѝ беше оддадено признание на нашата земја за нејзината улога во дисолуцијата на поранешната заедничка држава со која Република Македонија беше препознаена како држава која по мирен пат, со мудро лидерство и разумни политики ги избегна заканите на оружен конфликт“, пишува Битиќи на Фејсбук.

Тој вели дека „низ годините зад нас поставивме пример за другите дека со дипломатија и дијалог, со разбирање и толеранција, со трпеливост и посветеност, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници“.

„Со сеќавањата на 8 април 1993 година, да останеме посветени на овие принципи и да ја градиме нашата земја и од внатре на вредностите на разумните универзални политики за мир и просперитет на нашето заедничко општество“, вели Битиќи.

Фото: Влада на РСМ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод триесет години од членството на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации на порача дека оваа генерација има обврска да ја заокружи македонската интеграција во Европската Унија.

„Денес одбележуваме три децении членство во Обединетите нации како држава членка на НАТО и земја која ги започна преговорите со Европската Унија. Тоа и нè обврзува да ја задржиме динамиката на евроинтеграциите и да ја завршиме македонската интеграција во големото европско семејство“, стои на Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ.

Тој вели дека заложбата за подобар свет, во кој владеат мирот, стабилност, толеранцијата, солидарноста, Северна Македонија ја прави пример за дипломатија и дијалог.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ пишува дека со говорот во ООН во 1993, тогашниот претседател Глигоров ги зацрта стратешките цели и приоритети на државата, и побара сите „заеднички да застанеме пред предизвиците и да ги направиме можност за брзо да напредуваме во преговорите со ЕУ, а Северна Македонија да ја направиме рамноправен партнер со земјите членки на ЕУ“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неговата објава вели дека државата активно ја развива регионалната соработка во функција на мирот, безбедноста и просперитетот на сите граѓани во регионот. Спасовски го спомнува и приемниот говор во ОН на претседателот Глигоров, кој ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика.

„Тој истакна дека со самостојноста и членството во ОН “се круниса повеќевековниот стремеж на македонскиот народ и неговата 130-годишна борба за слобода и независна држава”. Воедно, тој кажа и дека “за нас највисока цел претставува остварувањето на човековите права и особено на правата на националностите и етничките групи што живеат во Република Македонија. Таа денес е татковина на македонскиот народ, на Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите… Во тој дух ќе го јакнеме Балканот на добрососедство и на пријателство”, напиша Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...