fbpx

ССМ: Катастрофални предлози за работниците се законските измени поврзани со коридорите 8 и 10

Пратениците од владејачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, велат од ССМ

-

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во реакција на предложените законски измени поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д денеска ги повика пратениците сериозно да размислат пред да го дадат својот глас за, како што наведуваат, катастрофалните предлози за измени на закони кои се поврзани со работничките права.

„Пратениците од владејачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот и работнциите кои работат на проекти од национален и стратешки интерес за Република Македонија, работниците да немаат слободен ден и да работат во недела. Владата очигледно заслепена од милијардите евра, не нејзини пари туку пари од даноците на сите граѓани, и пари кои планира наместо на домашните компании да ги даде на странски, а за што веќе има сериозни обвинувања за корупција, не води грижа ниту за своите работници и граѓани, не води грижа за меѓународното и европското трудово право, Уставот и здравјето и животот на работниците“, стои во реакцијата на ССМ.

Од синдикатот велат дека „ова е спротивно на принципите на меѓународното трудово право, Конвенциите на МОТ, Одлуките на Уставниот суд кој детално се произнесе по тие прашања и ги прогласи за неуставни Одредбите од Законот за градба на автопатиштата од страна на Бехтел и Енка“.

„За пратениците предлагачи: Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Даниела Николова, Љатифе Шиковска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири, Халил Снопче овие Одлуки на Уставниот суд се ништо повеќе од тоалетна хартија“, велат од ССМ.

Од синдикатот апелираат до сите пратеници добро да размислат пред да го дадат својот глас за овие предлози за измени на законите по работничките права, кои, како што велат, се предлагаат без социјален дијалог, без јавна дебата, без дискусија и без време да се разберат последиците од истите доколку се усвојат.

На  дневениот ред на 112-та седница на Собранието закажана за в понеделник се девет предлог закони поврзани со проектот, меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...