fbpx

Трамп планира да издаде нов указ за имигрантите

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп размислува за издавање на нов указ за забрана за влез во САД на граѓани од одредени земји, откако неговиот прв обид за воведување на ваква забрана беше блокирана од американските судови, пренесува „Би-би-си“.

Трамп изјавил дека новиот указ бил можел да биде издаден во понеделник или во вторник, следната недела.

Ваквата негова реакција доаѓа откако апелацискиот суд во Сан Франциско ја потврди одлуката на судот за укинување на указот на Трамп со кој требаше да биде забранет влезот во САД на државјани на седум претежно муслимански земји.

Засега е нејасно што точно планира Трамп, што ќе содржи и како ќе го спроведе новиот указ што го најавува.

„Ние ќе победиме во оваа битка. Потребно е само време за да победиме. Имаме и многу други опции, вклучувајќи го и донесувањето на целосно нов указ“ изјавил Трамп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...