fbpx

Трајанов: Потребен е брз одговор за длабоката политичка криза

-

Македонија повторно е во исклучително турбулентен период и се соочува со длабока политичка криза, која бара брз одговор, изјави денеска лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, на свеченоста посветена на 15-годишнината од формирањето на партијата.

– Аферата „Пуч“ и аферата „Прислушување“ со масовно кршење на правата на граѓаните, мора да се реши со политички дијалог, но и со системски промени и со длабоки кадровски резови. Никој нема да биде изземен, заштитен или амнестиран. „Актерите“ на овој мегаскандал мора да платат висока цена, затоа што се нападнати основните цивилизациски вредности. Преку овие афери се покажа грдото лице и алчноста за власт и пари на голем број на политичари – рече Трајанов, додавајќи дека државните интереси и интересите на граѓаните треба да се стават на преден план, над партиските и над личните.

Лидерот на ДС рече дека во Македонија се спроведени бројни реформи, но оти и понатаму се соочуваме со огромни предизвици.

– Од Македонија се иселуваат млади кадри, во Македонија e присутна сиромаштијата, намален е наталитетот, постои висок степен на организиран и институционализиран криминал кој и понатаму разорно дејствува, партизиран е судскиот систем, катастрофална е состојбата со медиумите, имаме и многу други отворени и нерешени прашања – рече лидерот на ДС на свеченоста на која присуствуваа околу 500 граѓани, претставници на политички партии и дипломати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...