fbpx

„Цивил“ ја поддржа идејата за референдум за изгледот на фасадата на ГТЦ

-

Невладина организација „Цивил“ денеска излезе со соопштение во кое целосно ја поддржува иницијативата за референдум за изгледот на фасадата на Градскиот трговски центар, која ја покренаа Општина Центар и граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“.

– Барокната треска што ја опфати Владата уште пред неколку години и која со сета тежина се урна врз плеќите на општеството и го олесни народниот џеб за стотици милиони евра, претставува невидено насилство врз сè што може да се нарече демократија, владеење на правото, но и вкус и култура. „Скопје 2014“ мора да престане. Силувањето мора да престане! Ги повикувам уметниците и архитектите уште сега да се подготвуваат со проекти како да ги санираме огромните штети предизвикани од овој нездрав проект – изјави Џабир Дерала, претседател на „Цивил“.

Невладината организација ги повика сите свои членови и поддржувачи да го дадат својот глас против, како што наведоа, „уште една налудничава идеја“.

„Иницијативата за референдум за изгледот на фасадата на Градскиот трговски центар мора да биде поддржана од сите, без оглед на политичката афилијација, етничка и верска припадност, социјална или општествена положба. Секој потпис е порака дека сакаме Скопје да личи на град, а не на евтина сценографија за лош филм, а платена прескапо“, стои во соопштението.

„Цивил“ бара од Владата веднаш да престане со понатамошното силување на Скопје со кич, спротивно на сите стандарди, закони и волјата на граѓанките и на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...