Јанева на потег за притворот на Верушевски

-

Катица Јанева, како специјален јавен обвинител надлежен за обвинителскиот дел од постапката за случајот „Пуч“, меѓу другото, ќе треба да се изјаснува и за притворот и за другите мерките за обезбедување што им се одредени на обвинетите во случајот, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски.

Ова за „Мета“ го изјави Ангеле Илиевски, еден од адвокатите на одбраната на обвинетите во случајот, според кого, Jанева пред една недела ги добила материјалите за предметот „Пуч“, кои сега се во нејзина надлежност.

Од обвинетите во случајот „Пуч“, мерка притвор издржуваат само Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, функционер во Министерството за внатрешни работи. Соња Верушевска и Бранко Палифров се бранат од слобода откако судот во јули им го укина куќниот притвор, а го замени со парична гаранција во хипотека на недвижен имот и им ги одзеде пасошите. На лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред речиси еден месец како мерка му беше одземен пасошот, наместо претходната, секоја недела да се јавува во струмичкиот суд.

Според Илиевски, Јанева може да бара од судот укинување на притворот, замена со друга, поблага, мерка за обезбедување или, пак, да побара негово продолжување. Истото се однесува и со мерките за обезбедување што им се одредени на другите обвинети.

На Верушевски, чиј адвокат е Илиевски, притвор му се одредува секој месец. Последниот рок од 30 дена изминал на 27 септември и веднаш бил продолжен за нови 30 дена, но тоа, според Илиевски, не мора да значи ништо во случајов бидејќи, како што вели, специјалната обвинителка може во меѓувреме да поднесе барање за прекин или замена со друга мерка.

За тоа како ќе се одвива натаму случајот „Пуч“, имајќи предвид дека е во судска процедура и по две одложени рочишта за почетокот на судењето и закажано трето за понеделник следната недела (5 октомври), Илиевски не може со сигурност да тврди.

– Сега на потег е специјалната обвинителка, која треба добро да го проучи предметот и да донесе одлука што понатаму. Една од можните опции е и да го повлече обивнителниот акт. Во него таа ги има концентрирано доказите на кои се повикува обвинителот Биковски, ги има концентрирано нашите докази и забелешки на обвинителниот акт и сето тоа треба да го проучи и да се изјасни. Што се однесува до рочиштето закажано за понеделник, мислам дека нема да се одржи, а каква одлука ќе се донесе понатаму, ќе видиме потоа – вели Илиевски.

Инаку, обвинетите во „Пуч“, според обвиненителниот акт, се товарат за кривичните дела шпионажа, неовластено прислушување и тонско снимање и насилство врз претставници на највисоките државни органи.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...