Распишан тендер за избор на фирма за изградба на брана на реката Отиња во Штип, ќе трае до 17 ноември

-

До 17 ноември ќе трае тендерот за избор на фирма за изградба на брана на реката Отиња во Штип, проект вреден 7,5 милиони евра. Работите се предвивува да траат 30 месеци, при што се очекува изградба на брана со зафатнина од три милони кубни метри вода и висока 34 метри, или колку една 11-катница. Ова го објави довчерашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, сега од улога на министер за транспорт и врски, кој рече дека со ова се става крај на децениските партиски препукувања и пресметки.

„За да дојдеме до распишувањето на тендерот, направивме основен проект и негова ревизија, донесовме ДУП за браната, го решивме земјишетото за трупот на браната, а владата ни додели земјиште за останатиот дел. Потоа, добивме согласнот од сите институции и најбитното од ИЗИС, одобрение за градење од Министерството за трнаспорт и врски како и средства од владата,“ објасни Бочварски.

Намерата е во декември да почнат теренските работи со изборот на фирмата, со што почнуваат да течат предвидените 30 месеци за градежни работи. Ако работите одат како треба, очекувањата се во 2021 година владата за браната да одвои нови средства.

В.д градоначалник Јане Миланов изјави дека со изградбата на браната Отиња, има повеќе бенефиции – се добиваат нови спортско рекреативни содржини, се менува микро климата, а се регулира и текот на реката.

Браната, според проектот, ќе обезбеди техничка вода и е во функција на спортско – рекретивни содржини за граѓаните, додека во втората фаза и производство на електрична енергија.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...