fbpx

ДЗР: СЈО во периодот од 2016 до 2019 незаконски исплатило над 46 илјади евра за надоместоци од плата

-

Во периодот од јануари 2016 до септември 2019 година Специјалното јавно обвинителство на своите вработени исплатило за „други“ надеместоци од плата дополнителни 282.896.000 денари или 46.338 евра, надвор од законската регулатива. Износот на исплатените додатоци го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице, констатирале ревизорите во извештајот „Плати и додатоци на плати и други надоместоци во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“.

„Во извршената ревизија, на барање на ОЈО, за периодот 2015 – 2019 година, се констатира дека по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност и за посебна заштита на приватност исплатени се средства во вкупен износ од 282.896 илјади денари за кои ревизијата не обезбеди соодветен законски критериум“, стои во соопштението на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Оттаму се заклучува дека, во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, евидентирањето и исплатата утврдивме, не се во согласност со релевантната законска регулатива и интерните акти.

„Во ревизорскиот извештај се нотира дека додатоците на плата за 2015 година, коишто се предвидени за Јавниот обвинител и јавните обвинители во ова обвинителство, го надминуваат износот на исплатените средства за основната плата по лице. Констатација е резултат на извршените детални тестирања на доставената документација, како и анализата на податоците од деловните книги. Во предвид се земени и интерните акти донесени од страна на Јавниот обвинител, односно Правилникот во кој се утврдени додатоците во апсолутни износи“, стои во соопштението.

Се појаснува дека, правото на додаток на плата на Јавниот обвинител и јавните обвинители во СЈО е уредено со член 14 од Законот за СЈО, според кои се утврдени додатоци за посебните услови за работа, за постоење на висок ризик и за доверливост. Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, од декември 2015 година, вкупниот износ на висината на додатоците не може да изнесува повеќе од 35 отсто од основната плата на јавниот обвинител, а за висината и начинот на утврдување на додатоците, потребно е јавниот обвинител да донесе посебен акт.

„Ревизорските наоди за другите надоместоци произлегуваат од прибавени информации кои имаат степен на класификација, поради што ДЗР, согласно член 29 од Законот за државната ревизија, изготви посебен извештај и висината на исплатените средства по овој основ изнесуваат 282.896 илјади денари“, информираат од ДЗР.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...