fbpx

Јавното обвинителство отфрли четири кривични пријави против ТЕ-ТО

-

Основното јавно обвинителство Скопје донело решение со кое се отфрла кривичната пријава поднесена од Топлификација АД Скопје против четири физички лица, претседател на Управен одбор, нотар, извршител и адвокат. Пријавите против нив биле за злоупотреба на службена положба и овластување и за оштетување или повластување доверители.

ОЈО Скопје одлучи да ги отфрли и кривичната пријава поднесена од тројца акционери во „Топлификација“ АД Скопје, како и пријавата поднесена од Управата за финансиска полиција против едно лице, стечаен управник за злоупотреба на постапката за стечај и службена положба и овластување. Отфрлена е и кривичната пријава поднесена од Управата за финансиска полиција против претседател на Управен одбор, за кривични дела, намерно предизвикување стечај, потоа против две физички лица, нотар и судија за злоупотреба на службена положба и овластување и против едно правно лице за намерно предизвикување стечај.

„Поднесените пријави се отфрлени бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност“, соопштуваат од ОЈО.
Додаваат дека поднесените кривични пријави се однесуваа на евентуални неправилности во работењето на пријавеното лице ТЕ-ТО АД Скопје, кај кое правно лице, сопственичка структура со 89,2 отсто, е странски капитал, а останатите 10,8 отсто се во сопственост на „Топлификација“ АД Скопје.

Во текот на претходна постапка ОЈО утврдило дека ТЕ-ТО АД Скопје е основано на 21 декември 2004 година со основачки влог 5.000 евра и регистрирана приоритетна дејност – Производство на топлинска енергија. Поради обемот и динамиката на работа, за извршување на својата дејност, правното лице цело време се финансира преку заеми од акционерите и обезбедени банкарски кредити.

ОЈО утврдило, од анализата на сите приложени материјални и вербални докази, како и од правната оценка на кривичните дела, дека акционери во ТЕ-ТО АД Скопје се Топлификација АД Скопје со 27 акции или 10,8 отсто, Битар Холдинг Лимитед од Кипар со 73 акции или 29,2 отсто и Проџект Менаџмент Консалтинг од Британските Девствени Острови со 150 Акции или 60 отсто. А, бидејќи сопственик на Проџект Менаџмент Консалтинг е Битар Холдингс Лимитед, таа компанија, директно и индиректно, со 89,2 отсто од капиталот е сопственик на ТЕ-ТО АД Скопје.

„Во една ваква состојба, правата и обврските меѓу овие правни лица и нивните меѓусебни побарувања претставуваат предмет на други, со закон регулирани постапки и од правен аспект не претставуваат предмет на кривично правно постапување. Во дејствијата на пријавените физички и правни лица не се исполнети битијата на пријавените кривични дела или на друго кривично дело за кое што се гони по службена должност“, стои во соопштението на ОЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...