fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Алијанса за Албанците останува во владината коалиција

Алијансата за Албанците останува во владината коалиција и ќе ги задржи своите претходни позиции. Ова е договоренo на вчерашната на средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. Од Алијанса за Албанците наведуваат дека средбата била конструктивна и во позитивен дух, а се разговарало и за продолжување на реформите, заедничка посветеност...

Се бараат начини за меѓународна истрага за „Диво насеље“, потврди Заев

Владата и претставници на меѓународната заедница бараат начин за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и 10 мај 2015 година, потврди премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. - Чекор кој што досега е направен е информирање на претставници на меѓунардната заедница околу чекорите и варијантите како тоа би се извело....

Заев: Буџетот за 2018 година е првиот чекор за економска стабилизација на земјата

Владата со буџетот за 2018 година го прави првиот чекор за финансиска и економска стабилизација на Македонија, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конфренција на која го презентираше предлог-буџетот на државата за следната година. Според премиерот, буџетот за 2018 година може да одговори на поставените цели затоа што е со развојна компонента и ќе насочува повеќе пари кон граѓаните и кон...

Заев очекува раздвижување околу името, разговарал и со Иванов за процесот

Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на овој месец да се раздвижат работите околу напорите за решавање на спорот за името со Грција, за што, како што потврди, веќе било разговарано и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов. - Останува надежта дека во вака силно изразени пријателски околности со соседите и со Грција имаме поголеми шанси да изнајадеме решение. Очекувам...

Заев и Кара разговарале за организирање на посета на Ердоган на Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска имал средба со амбасадорката на Турција, Еркал Кара, на која, меѓу другото, било разговарано и за „интензивирање на постапката за организирање на официјална посета на делегација на Владата на Македонија на Турција, како и за посета на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на нашата земја“. Заев и Кара, според соопштението од владината прес-служба, „посебно внимание посветиле на...

ВМРО-ДПМНЕ го повика Заев јавно да каже од кого добива закани за ликвидација

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го повика премиерот Зоран Заев јавно да каже од кого добива закани и колку тие се реални, откако Заев за црногорското радио „Анетна-М“ рече дека некои безбедносни аналитичари му кажале дека му е загрозена безбедноста и дека е потенцијална мета на атентат. „Ако не го стори тоа, тогаш сите негови изјави во тој правец се резултат на...

Москва: Изјавите на Заев се манијакални конструкции и обид за себепромоција

Oбидот Русија да се претстави како вмешана во обиди за ликвидација на Зоран Заев е неоснован и штети на односите меѓу двете земји, се вели во реакцијата на амбасадата на Руската Федерација во Македонија на делот од интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев емитувано во неделата на црногорското радио „Антена-М“. Изјавите на Заев во интервјуто за црногорското радио денеска беа...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ги лажат 1.700-те вработени во „Фени“, „Колска“ и „Еурокомпозит“

СДСМ си поигрува со судбините на над 1.700 вработени од фабриките „Фени Индустри“, „Колска“ и „Еурокомпозит“ и од доаѓањето  на власт па се до денес ги лаже вработените во овие три фирми, обвини Дарко Костовски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Според Костовски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во два наврати од септември досега ги уверувале вработените во...

Заев – Тејада: Треба да се зајакнат капацитетите на Парламентот

Постои видлив прогрес во справувањето со предизвиците по промените во Македонија, а сега е момент да се зајакнат и капацитетите на Парламентот, што ќе придонесе кон развојот на почнатите демократски процеси. Ова го констатирале амбасадорката на Швајцарија во земјава, Сибил Сутер Тејада и високи претставници на американскиот Национален демократски институт (НДИ) на денешната средба со премиерот, Зоран Заев. Тие,...

Шефот на црногорската дипломатија, Срѓан Дармановиќ утре во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи. Покрај средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, Дармановиќ ќе биде примен од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот, Зоран Заев. „Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети...

Заев – Бејли: Време е Владата да се фокусира на почнатите реформи

Премиерот Зоран Заев и амбасадорот на САД, Џес Бејли, денеска разговараа за спроведените локални избори, за почнатите реформи и за безбедносните предизвици. „Амбасадорот ѝ честиташе на земјата за успешниот изборен процес и препорача државните институции да ги имплементираат препораките на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР“, се вели во соопштението од владината прес-служба. На средбата, Бејли истакнал дека сега е добро време и дека се...

Заев две години е под постојани закани од атентат, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека премиерот, Зоран Заев, додека бил само лидер на СДСМ, но и сега, откако е претседател на Владата, е под постојани закани од атентат. Заев добивал индиректни закани додека како лидер на СДСМ пред две години ги објавувал материјалите од незаконското прислушување, односно проектот „Вистината за Македонија“. Овие...

Заев на средба со Курц: Очекуваме почеток на преговори со ЕУ во 2018 година

На маргините на Виенскиот економски форум, премиерот Зоран Заев се сретна со актуелниот министер за надворешни работи на Австрија и мандатар за составување на новата австриска влада, Себастијан Курц. На средбата Заев и Курц ја потврдиле активната политичка, економска и секторска соработка. Курц му честитал на Заев за демократски спроведените избори, а Заев го информирал за напредокот во реализацијата на...

Заев: Очекувам жестока реакција на Москва околу приемот во НАТО, но подготвен сум

Македонскиот премиер, Зоран Заев, во интервју за црногорското радио „Антена М“ вели дека очекува жестока реакција од Русија кога ќе дојде време за прием на Македонија во НАТО, но нагласува дека Северноатлантската алијанса и Европската Унија се единствена алтернатива за земјава. Заев, кој бил гостин во емисијата „Жива вистина“ на црногорското радио, изјавил дека е уверен оти Македонија ќе биде 30....

Заев утре на економски форум во Виена

Премиерот Зоран Заев утре ќе учествува на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“, што се одржува во Виена, Австрија. Заедно со него, на форумот ќе учествува и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, најавија од Владата. Заев ќе учествува во дебатата „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“, а вицепремиерот Анѓушев ќе говори на првата пленарна сесија „Живееме во дигитално време! Визија и...

Тасева: Изјавата на Заев беше неодговорна и избрзана, предистражните постапки се тајни

Во емисијата „360 степени“ што се емитуваше на „Алсат-М“, претседателката на „Транспаренси интернешнл“ - Македонија, Слаѓана Тасева, за изјавата на премиерот Зоран Заев за двајца членови на власта кои биле под истрага, вчера рече дека е неодговорна и избрзана. – Мојата прва реакција беше дека можеби дури и неодговорна, непотребна, избрзана изјава за којашто ниту беше време, ниту место, на...

Заев: Сакаме ЕУ да носи похрабри одлуки, а ние со мудри одлуки да чекориме напред

„Сакаме ЕУ да носи похрабри одлуки. ЕУ треба да знае дека цел Западен Балкан треба да добие поддршка за секое поместување напред. И ние, како Македонија, треба да добиеме датум за преговори“, порача премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Македонската телевизија“. Тој потсети на фактот дека Македонија веќе 12 години чека препорака и изрази надеж дека датумот за преговори ќе...

Заев и Марковиќ договориле авионска линија Скопје – Подгорица – Сараево

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министрите Крешник Бектеши и Рената Треневска-Дескоска, вчера имале средба со премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, на која било договорено да се воведе авионска линија Скопје - Подгорица - Сараево. - Сакам да објавам дека е усогласен текст помеѓу Република Македонија, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, што ќе биде испратен...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека постои спрега меѓу СДСМ и Јавното обвинителство

Со изјавата дека обвинителството наводно водело истрага за криминал на двајца членови од владата, Зоран Заев потврди дека постои директна спрега помеѓу СДСМ и Јавното обвинителство, кое се користи како механизам за дисциплинирање, закана и за уцена, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало, ниту...

Под истрага не биле двајца „членови на Владата“ туку „претставници на власта“

Владата денеска попладне испрати соопштение со појаснување и со делумна корекција на изјавата на премиерот Зоран Заев, дадена во рамките на неговото обраќање на панел-дискусијата на тема „Што научивме и како да ги применуваме најдобрите практики во Македонија и во регионот“ на Самитот „Македонија 2025“ што се одржува во Скопје. Медиумите и агенциите пренесоа дека Заев рекол дека „двајца членови...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...