fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев му подари на Вучиќ дрес од „Вардар“

Премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му подари дрес од фудбалскиот клуб „Вардар“ со бројот девет и со името на Вучиќ, пренесуваат српските медиуми. Пред состанокот со Вучиќ, Заев во Палатата Србија разговараше со премиерката Ана Брнабиќ, со која се договорија владите на Македонија и на Србија следната година во февруари или март да одржат...

Заев: Србија е земјата со која односите најмногу ни напреднаа во последните пет години

Перцепцијата на граѓаните во Република Македонија е дека Србија е на прво место од соседите со кои најмногу се подобрени односите во последните пет години, сосед со кој граѓаните имаат најдобри лични искуства, сосед чија историја и култура најдобро ги познаваат, сосед за кој се има најдобро мислење, како и сосед со кој би сакале најблиски односи, рекол македонскиот...

Заев и Брнабиќ договориле заедничка владина седница во февруари или март

Премиерот Зоран Заев и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на денешната средба во Белград се договориле владите на Македонија и на Србија на крајот на февруари или на почетокот на март да одржат заеднички седницa. На пленарната средба, делегациите на двете земји разговарале за интензивирање на некои од заедничките проекти и за соработката на проектите за завршување на Коридорот 10, изградба...

Заев – Мета: Македонија и Албанија се земји со слични предизвици

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на Албанија, Илир Мета, со кој разговарал за Коридорот 8 и за реализација на проекти од областа на патната и на железничката инфраструктура, како и за соработка во културата, образованието, спортот и во туризмот. Заев истакнал дека средбата ги реафирмирала принципите на добрососедство, заемно почитување и на реципроцитет и дека заедничката владина седница...

Сега е важно да се истрча последниот километар од полумаратонот кон ЕУ

Денешната посета е уште еден показател дека Европската Унија и понатаму останува фокусирана на земјата и на регионот, изјави денеска во Скопје еврокомесарот Јоханес Хан, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев. - Постигнавме многу и не сакам да го дадам впечатокот дека Брисел повеќе не ја следи состојбата во земјата и дека не сме фокусирани на развојот на настаните...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, се чека одлука од Апелација за ПИ-мерките

Премиерот Зоран Заев денеска дојде во Основниот суд Скопје 1, каде требаше да се одржи рочиште за случајот „Поткуп“, но, како што соопшти Заев, кој е обвинет, тоа е одложено бидејќи Апелацискиот суд сè уште не одлучил по жалбата на одбраната за користењето на снимките од посебните истражни мерки како доказ во судењето. Заев во изјава за медиуми појасни дека...

Заев и Хан денеска ќе имаат работен ручек и заедничка прес-конференција

Премиерот Зоран Заев денеска ќе има работен ручек со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан. Заев и Хан ќе се сретнат во Клубот на пратеници и по работната средба ќе одржат заедничка прес-конференција во 14.30 часот. Хан е во дводневна посета на Македонија, на средба со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество. Засега нема информации дали еврокомесарот...

Следната недела Хан во Скопје, Заев во Белград, седница со бугарската влада и пет судења

Следната недела македонските политичари, но и судовите ќе имаат набиена агенда. Се очекува посетата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, посета на владина делегација во Србија и заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија. Во скопскиот Кривичен суд, за следната недела на распоредот се рочишта за случаите „Поткуп“, „Шамари“, „Труст“, „Триста“ и „Сопот“, кои...

Во Струмица в четврток заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија

Заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија ќе се одржи в четврток во Струмица, а на неа ќе се потпишат десет нови договори. Тоа го најави премиерот Зоран Заев денеска во Струмица, каде се обрати во рамките на обуката за политички лидери во организација на Институтот за политика од Бугарија. Тој порача дека е многу важно „да гледаме...

Хан в понеделник во дводневна посета на Скопје

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, в понеделник доаѓа во дводневна посета на Скопје. В понеделник е предвидено тој да има средба со претставници на политички партии и со премиерот Зоран Заев, по што ќе даде кратка изјава. Засега нема информации дали еврокомесарот ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Во официјалната програма не е предвидена средба со претставниците...

Следната недела ќе биде густо: Хан во Скопје, Заев во Белград, Османи во Атина и пет судења

Следната недела македонските политичари, но и судовите ќе имаат набиена агенда. Се очекува посетата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, посета на владина делегација во Србија и средба помеѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Во скопскиот Кривичен суд, за следната недела на распоредот се рочишта за случаите „Поткуп“,...

ОБСЕ ќе продолжи со поддршката на клучните реформи, порача Гремингер по средбата со Заев

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, на која била потврдена определбата на Владата за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на реформскиот процес, како и поддршката што Владата ќе продолжи да ја добива од ОБСЕ во реализацијата на реформскиот процес. - Работиме и ќе работиме во согласност со...

Заев изрази сочувство до Ципрас за жртвите во поплавите и понуди помош

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со сочувство до својот грчки колега, Алексис Ципрас, по трагичните последици од катастрофалните поплави во неколку градови во Грција, соопшти владината прес-служба. Во писмото премиерот Заев истакнува дека сочувствува со семејствата и со роднините на загинатите, повредените, како и со граѓаните погодени од поплавите. „Би сакал да ја нагласам нашата подготвеност да Ви понудиме секаква помош...

Заев веќе не е сигурен дека спорот за името може да реши во 2018 година

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да прецизира дали спорот за името ќе се реши во текот на 2018 година, бидејќи разговорите се на самиот почеток. - Владата уште од првиот момент го подготвува теренот за наоѓање решение преку градење на пријателство со сите наши соседи, вклучувајќи ја и Грција. Постои пријaтелска атмосфера и позитивен момент, но уште нема никакви...

Новиот министер за здравство може ќе биде од кај Села, а може и не

Разговорите за изборот на новиот министер за здравство се во тек со коалициските партнери од владејачката коалиција, а реконструкција на Влада ќе има доколку биде избран кандидат кој не доаѓа од Алијансата за Албанците, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој се надева дека до крајот на неделата ќе биде донесена одлука и посочи дека многу важно е персоналното решение, односно...

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев дека е „дрско лицемерен“ во грижата за македонскиот јазик

Дрско лицемерие е тоа што на истиот ден кога пратениците на СДСМ во Собранието гласаа за потреба за носење на противуставен закон за двојазичност во целата држава, Зоран Заев говори за некаква лажна грижа за македонскиот јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на говорот на премиерот Заев за унапредување на македонскиот јазик. „Ако Зоран Заев вистински се грижеше за зачувување...

Владата и германската КФВ ја разгледуваат можноста Битола да добие парно

Воведување на систем за централно греење во Битола било во фокусот на средбата на премиерот Зоран Заев со делегација од германската КФВ банка за подршка на развојни проекти, предводена од Кристоф Дискенс, директор на групацијата за Југоисточна Европа и Турција. На средбата присуствувале и заменик-амбасадорот Германија во Македонија, Марко Акватичи и советникот за економија на премиерот, Ванчо Узунов. „Во фокус на...

Заев најави стандардизација на македонскиот јазик и бесплатен пристап до Правописот и Толковникот

Премиерот Зоран Заев на Меѓународната научна конференција „Минатото на јазичниот свет денес и утре“ по повод отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, рече дека Владата искрено и силно е посветена да го негува и унапреди македонскиот јазик. Заев информираше дека во соработка со истакнати македонисти и експерти во областа, Владата веќе усвоила повеќе предлог-мерки што се насочени...

Заев: Се надевам дека ова ќе биде последен обид за решавање на спорот со името

Македонија влегува во обид кој што се надевам дека ќе биде последен, со конечна цел, решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име, изјави премиерот Зоран Заев како одговор на новинарско прашање по средбата со премиерот на Словенија, Миро Церар. - Ова е навистина актуелно прашање и во Македонија. Логично беше по завршувањето на локалните избори,...

Церар му понудил на Заев конкретна помош за евроатланската интеграција на Македонија

Премиерот Зоран Заев заедно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и државниот секретар на Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, одржаа билатерални и пленарна средба со своите колеги од Словенија предводени од премиерот Миро Церар. Заев истакнал дека исклучително...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...