Заев и Брнабиќ договориле заедничка владина седница во февруари или март

-

Премиерот Зоран Заев и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на денешната средба во Белград се договориле владите на Македонија и на Србија на крајот на февруари или на почетокот на март да одржат заеднички седницa.

На пленарната средба, делегациите на двете земји разговарале за интензивирање на некои од заедничките проекти и за соработката на проектите за завршување на Коридорот 10, изградба на пруга Будимпешта – Белград – Скопје, како и за гасна конекција Врање – Куманово.

Заев, како што информира владината прес-служба, истакнал дека може да се продлабочи економската соработка во делот на инвестициите, како и да се засили поддршката на бизнис-иницијативите во информатичките технологии, иноватовните компании, технолошките паркови и во иновативните технологии.

Според него, соработката во дигитализацијата има потенцијал да ги олесни царинските формалности, роаминг-комуникацијата и во голема мера да ги олесни врските меѓу двете економии, бизниси и други проекти.

Двајцата лидери разговарале за соработката помеѓу двете министерства за внатрешни работи, за заедничка контрола на границите и справување со мигрантските процеси, како и за унапредувањето на заедниците на Србите и на Македонците во Република Македонија и во Република Србија.

Српската премиерка по средбата истакна дека посетата на Заев е важна за целиот регион.

– Регионалната соработка и регионалното поврзување е многу важно, затоа што без регионален мир и стабилност нема европска интеграција на Западен Балкан – изјави Брнабиќ која додаде дека на заедничката владина седница ќе бидат потпишани неколку важни договори.

Според Брнабиќ, посетата на македонскиот премиер е добар сигнал, кој говори за тоа дека сите меѓусебно отворени прашања треба да се решаваат со дијалог.

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Со скромна церемонија, oпштина Чаир денескa во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за...

Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

По новото ажурирање во играта „Wоrld of Warcraft“ познато како Patch 11.1.7, играта ќе може да се игра само со едно копче. Што точно значи тоа? Се однесува на имплементацијата на копче...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на...