fbpx
Таг: забрана

таг: забрана

Во Грција нема повеќе бесплатни кеси во продавниците

Грците, големи потрошувачи на бесплатни пластични кеси во супермаркетите, од 1 јануари мора да плаќаат по 4 евроценти за кеса. Мерката е воведена со цел да се намали потрошувачката на кесите, која сега изнесуваа 400 по жител годишно. Според грчкото Министерството за животна средина, целта е да се достигне потрошувачка од 90 пластични кеси со дебелина од 15 до 50...

Непал им забрани на планинарите да се искачуваат на Монт Еверест без придружба

Непал им забрани на планинарите без придружба да се искачуваат на планинските врвови, вклучително и Монт Еверест за да се намали бројот на несреќи со смртни последици, пренесува „Би-би-си“. Новите безбедносни мерки им забрануваат на слепите планинари и на оние кои имаат две или повеќе ампутации да се искачуваат на највисокиот врв на светот. Оваа година рекорден број на планинари...

Тунис им забрани на авиокомпаниите од ОАЕ да слетуваат на туниска територија

Тунис им забрани на авиокомпаниите од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), нивните авиони да слетуваат на туниска територија, соопшти денеска Министерството за сообраќај на Тунис. Забраната следува два дена откако, туниската влада соопшти дека ОАЕ им забраниле на Тунижанките да слетуваат на нивна територија или ОАЕ да ја користат како транзитна земја, пренесуваат светските медиуми. Од Министерство за сообраќај на Тунис велат...

Автобусите на ЈСП со нов возен ред кон Водно

Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час, информираат од ЈСП. Пробната линија со број 25А сообраќа на релација од Стара железничка станица до Средно Водно, а пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата...

Анкара забрани јавно спомнување на ЛГБТ-проблеми

Во Анкара се забранети сите јавни прикажувања на филмови и изложби кои се однесуваат на проблемите на ЛГБТ-популацијата. Ова го соопшти канцеларијата на гувернерот на турската престолнина, објаснувајќи дека одлуката е донесена поради јавна безбедност. „Почнувајќи од 18 ноември 2017 година, кината, театрите, панелите, интервјуата и изложбите во кои се спомнуваат ЛГБТ-проблеми се во иднина забранети во нашата провинција поради мир...

Водата во Струга забранета за пиење

Забранета за пиење е водата од градскиот водовод во Струга поради зголемено заматување, зголемени вредности на боја и отсуство на резидуален хлор. Според надлежните, дополнителното хлорирање нема да ја промени ваквата состобја на водата, туку треба чистење на мрежата и испуштање вода од хидрантите. Водата редовно ќе се анализира и во следните денови.

Сокол Митревски остана без пасош и доби забрана да го напушта Скопје

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, и на уште пет лица им одреди мерки на претпазливост, потврди судот. На Митревски и на другите петмина осомничени судот им ги одзеде пасошите, им забрани да го напуштаат живеалиштето, односно Скопје, и им наложи редовно да се јавуваат кај...

МРТ тоне во долгови, ЕБУ воведува санкции и забрани

„Македонската радио-телевизија“ веќе не може да ги користи услугите на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) поради неплатен долг. Ова значи дека во опасност е целата програмска шема на националниот сервис. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за ПИНА вели дека не ги знаат вкупните долгови на телевизијата, па затоа е потребно да се направи комплетна ревизија на финансиското...

Судија од Хаваи повторно ја блокираше забраната на Трамп

Американски сојузен судија на Хаваи ја блокираше последната верзија на забраната за влез во земјата само неколку часа пред да стапи на сила мерката на претседателот САД, Доналд Трамп. Окружниот судија, Дерек Вотсон, го одобри барањето на сојузната држава Хаваи привремено да ја блокира владата во Вашингтон до спроведувањето на мерката за забрана. Забраната требаше да стапи на сила на полноќ...

Омбудсманот реагира на забраната ученички со шамии да следат настава

Народниот правобранител денеска соопшти дека ја осудува постапката на Министерството за образование и наука кое, како што се наведува во реакцијата, со допис му овозможило на директорот на Основното училиште „Братство и единство“ во Охрид да им забрани на ученички да посетуваат настава затоа што носеле шамија на главата. Омбудсманот бара веднаш да се повлече ваквата одлука и на ученичките да...

Македонија, дел од алијансата против трговијата со опрема за мачење и за смртни казни

Македонија од вчеравечер е членка на меѓународната алијанса за запирање на трговијата со производи кои се користат за извршување смртни казни и за мачење. Меѓународната група е формирана за време на 72. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, кое се одржува оваа недела во Њујорк, а на иницијатива на Европската Унија, Аргентина и на Монголија. Во алијансата членуваат 58 држави...

Шпанската полиција во потрага по референдумските ливчиња во Каталонија

Шпанската полиција изминатите неколку дена пребарала повеќе печатници и простории, барајќи ги гласачките ливчиња, кутиите и промотивните материјали за референдумот за независност на Каталонија, кој шпанскиот уставен суд го забрани, пренесува ХРТ. Со потрагата по гласачкиот материјал, шпанската централна влада се обидува да го спречи одржувањето на референдумот закажан за 1 октомври, а кој каталонската влада планира да го спроведе...

Стапи на сила забраната за патување на Американци во Северна Кореја

Стапи на сила забраната за американските државјани да патуваат во Северна Кореја. Властите соопштија дека граѓаните може да бараат исклучоци, но дека малку од нив ќе добијат. Забраната за патување во јули ја најави државниот секретар, Рекс Тилерсон, по смртта на американскиот студент Отоа Вармбир, осуден во Северна Кореја затоа што украл пропаганден плакат. Американците кои имаат оправдана причина да патуваат...

Николовски телефонски разговарал со Толушиќ за крај на трговската војна со Хрватска

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска телефонски разговарал со министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, при што значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук. „Во текот на денешниот ден, министерот Николовски оствари телефонски разговор и со министерот...

Забрана за работа на 84 работодавци кои не ги почитувале препораките за топлотен бран

Министерството за труд и социјална политика информираше дека од 4 до 6 август државните инспектори за труд од областа безбедност и здравје при работа, извршиле вкупно 207 инспекциски надзори кај работодавци за почитување на препораките за топлотен бран, при што донеле 84 забрани за работа на работодавци кои не ги почитувале препораките да не се работи на отворено од...

Франција им забрани на политичарите да вработуваат членови на своите семејства

Францускиот парламент усвои мерки за забрана за вработување членови на семејствата, што беше дел од изборните ветувања на претседателот Емануел Макрон. Мерката се наоѓа во нацрт-законот за морализирање на политичарите, за што францускиот парламент расправа неделава. Нацрт-законот е последица на корупциските афери што се случија во Франција за време на претседателската кампања. Претседателскиот кандидат на десницата, Франсоа Фијон, кој на почетокот на кампањата...

Судија ја прошири листата на лица што можат да патуваат во САД

Американскиот окружен судија Дерел Вотсон наредил да се прошири листата на лица кои можат да влезат во САД од шесте земји со мнозинско муслиманско население, за кои Трамп донесе забрана за влез во државата. Судијата дозволил баби, дедовци, внуци, зетови, балдзи, тетки, чичковци на луѓе кои живеат во САД да влезат во земјата. Вотсон рекол дека тоа е „здрав разум“, затоа...

Турција ја забрани утрешната парада на гордоста во Истанбул

Истанбулските власти денеска соопштија дека нема да дозволат да се одржи парадата на гордоста, која беше закажана за утре, поради загриженоста за безбедноста на учесниците и на туристите, како и за јавниот ред и мир. Ваквата одлука на градските власти предизвикаа негодување кај ЛГБТИ-активистите, кои преку социјалните мрежи најавија дека сепак ќе се одржи најавениот марш, кој треба да тргне...

Нов обид за изградба на улица на Кејот 13 Ноември

На кејот на Вардар од утрово има нов обид да се продолжи со изградба на бесмислената улица, а овластениот градежен инспектор на Општина Центар веќе се упати на местото, соопшти утринава преку својот фејсбук-профил, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. „По веќе добро познатото сценарио, избран е ден - недела, пред празник, продолжен викенд, рано наутро, кога сите спијат. Убеден сум...

„Југохром“: Филтер-страницата би била готова за 8 месеци ако Владата ни дозволи да работиме

Денеска почнаа градежните активности за бетонирање на темелите на системот за отпрашување на комбинатот „Југохром“, чија изградба претставува услов поставен од Владата за овој некогашен гигант да продолжи со работа. Активностите почнаа во присуство на раководството и на синдикатот на „Југохром“. Оттаму истакнаа дека филтер-станицата со сигурност би ја изградиле во наредните осум месеци, доколку централната власт дозволи во овој период „Југохром“...

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...