fbpx
Таг: забрана

таг: забрана

Дроновите (не)законски влетаа во политиката

Дроновите станаа политички алатки пар екселанс во Македонија и на Балканот. Првиот случај на користење дрон во политички цели беше регистриран на средината на октомвври 2014 година на мечот меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија во Белград, кога среде натпревар, на стадинот на ФК „Партизан“, се појави дрон на кој беше закачено знаме со мапа на „голема Албанија“. Настанот...

Кривични пријави за бугарски државјанки кои краделе во трговски центри во Скопје

СВР-Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство против едно лице на возраст од 17 години, Н.Е.И. (23) и Р.Д.Г. (67), бугарски државјанки, поради постоење основан сомнеж дека извршиле три кражби, при што стекнале противправна имотна корист од околу 135.000 денари, информираат од МВР. Од страна на судија на претходна постапка на лицата Н.Е.И. и Р.Д.Г. одредена им е...

Чавушоглу: Турција ќе преземе 10 пати поголеми мерки против Холандија ако таа не се извини

Турција ќе продолжи да презема мерки против Холандија, сè додека таа земја не се извини за дипломатскиот скандал, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, откако вчера на неговиот авион не му беше дозволено да слета во Ротердам. Шефот на турската дипломатија вели дека мерките на Турција ќе бидат „десеткратно поголеми“. Говорејќи пред новинарите во североисточниот француски град...

Трамп денеска ќе ја потпише забраната за влез на државјани од шест земји

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја потпише ревидираната извршна уредба за забрана за влез во САД, од која ќе бидат изземени државјаните на Ирак. Ова го потврди советничката на Трамп, Келијан Конвеј. Според првата уредба што Трамп ја потпиша на 27 јануари, влез во САД на државјани на седум земји со мнозинско муслиманско население – Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и...

Русија ќе ги казнува провајдерите кои нема да блокираат интернет-страници

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат казни за интернет-провајдерите што одбиваат да го ограничат пристапот до информации на интернет што ги забрануваат властите. Сите интернет-провајдери претходно биле обврзани да го укинат пристапот до интернет-извори од црната листа на Кремљ во рок од 24 часа откако одреден извор ќе се најде на листата која ја изготвува руското регулаторно тело за...

Американскиот апелациски суд ја отфрли жалбата на Трамп

Американскиот федерален апелациски суд ја потврди претходната одлука со која забраната за влез во САД на граѓани од седум држави со мнозинско муслимански население се става надвор од сила. Со оваа потврда администрацијата на претседателот Доналд Трамп доби уште еден удар за помалку од еден месец откако ја презеде должноста, коментираат светските медиуми. Советот, кој го сочинуваат тројца судии од Сан Франциско, одлучи...

„Политико“: Рорабакер е омилениот конгресмен на Путин

„Ова лето (2016 година, н.з.) републиканцот Дана Рорабакер искористил информација што ја дoбил директно од руската влада за да промовира еден од главните приоритети на претседателот Владимир Путин: отстранувањето на името на рускиот адвокат Сергеј Магнитски од глобалниот антикорупциски закон“. Вака почнува текстот со наслов „Омилениот конгресмен на Путин“ на американскиот интернет-магазин „Политико“, објавен на 23 ноември 2016 година, две...

Федералниот суд привремено го суспендираше указот на Трамп

Судија во американскиот Федерален суд привремено ја запре депортацијата на луѓето со визи или на бегалци, кои останале заробени на разни аеродроми низ светот, по најновиот указ на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека државјани од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и од Јемен не можат да влезат во САД. Одлуката била донесена врз основа на тужбата на американската Унија за граѓански...

Трудо: Бегалците се добредојдени во Канада

Канадскиот премиер Џастин Трудо им порача на жртвите на прогонот, тероризмот и војната дека се добредојдени во Канада. - Сите оние кои се протерани и бегаат од тероризам и војна, Канада ќе ги прифати без разлика на верата. Различноста е наша сила – напиша Трудо на „Твитер“ и на неговиот профил на „Фејсбук“ со хаштаг „добредојдовте во Канада“. Одговорот на Трудо...

Меркел ја осуди уредбата на Трамп со која се забранува влез во САД на лица од седум земји

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја осуди уредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез во САД на лицата од седум муслимански земји, наведувајќи дека таа е неоправдана. Иако лидерите на Германија и на САД претходно во телефонски разговор се согласиле да ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот, Меркел смета дека не е оправдано луѓето од одредена...

Забрането издавањето предупредувања за загаденост во Кина

Кинеските медиуми објавија дека метеоролошката служба им наложила на локалните станици да престанат да издаваат предупредувања за загаденоста на воздухот. Локалните метеоролошки бироа вчера се известени „веднаш да престанат да издаваат предупредувања за загаденоста на воздухот“. Известувањето е објавено на кинеската социјална мрежа „Виебо“, слична на „Твитер“. Локалните станици можат да објават предупредување за магла, кога видливоста е помала од 10 километри. Претставник...

Сообраќајот се одвива отежнато, забрана за камиони на Стража и на Пресека

На патните правци Кичево - Охрид, преку планинскиот премин Пресека, и Гостивар - Кичево, преку планинскиот премин Стража, има забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информира Автомото-сојузот на Македонија. Патниот правец Македонски Брод - село Здуње на кој гравитираат 11 села, сè уште не е прооден за секаков вид на сообраќај, а патниот правец Скопје - Македонски Брод преку Јасен е...

Забрана за тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево

На патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот премин Стража, од 18.30 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информира Автомото-сојузот на Македонија. Патниот правец Македонски Брод - село Здуње, на кој гравитираат 11 села, сè уште е непрооден за секаков вид возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег...

МВР: Се пропуштаат камионите што чекаа на граничниот премин со Грција

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утринава од 9.30 часот почна пропуштањето на тешки товарни возила кои чекаа во меѓупоросторот за влез во Република Грција. „МВР ги известува граѓаните дека утринава од 9.30 часот од страна на грчките погранични органи на граничниот премин Евзони почна пропуштањето на тешките товарни возила кои чекаа за влез во Република Грција во меѓупросторот поради...

Забраната за товарни возила за влез во Грција сè уште важи

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на места со остатоци од снег, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на патниoт правец Маврово - Дебар, каде за другите возила задолжително е користење на зимска опрема. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не...

Забранет влез за камиони и за автобуси во Грција, поради лошите временски услови

Сообраќајот по државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Од АМСМ велат дека поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и на автобуси во Грција. Забранa за сообраќај за тешки товарни возила има и на патниот правец Маврово - Дебар. Снег...

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на Ѓавато и на Плетвар

Автомото-сојузот на Македонија соопшти дека e укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен - Битола кај Ѓавато и на Плетвар. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила сè уште има на патниот правец Маврово – Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по...

Во Турција забрането известување за убиството на рускиот амбасадор

Судот во Турција забрани да се известува за истрагата за минатонеделното убиство на рускиот амбасадор Андреј Карлов, соопштија денеска државните медиуми. Судот во Анкара го прифати барањето на обвинителството да се забрани емитувањето на снимката од убиството, како и известување за истрагата. Тоа вклучува и вести кои се однесуваат на очевидци, жртви или осомничени во врска со убиството. Турски полицаец пукаше...

Левица: Судот го одби барањето на саботерите што не сакаат да учествуваме на изборите

Основниот суд Скопје 2 донел решение со кое го одбил како неосновано барањето за донесување привремена мерка за забрана на партијата Левица да учествува на предвремените парламентарни избори, закажани за недела, 11 декември. Барањето, кон крајот на минатиот месец, го поднесе лице кое се преставува како член и основач на партијата. „Ова е уште еден правен пораз на обидот на...

Фидел Кастро погребан во Сантијаго де Куба

Урната со пепелта на поранешниот лидер на Куба, Фидел Кастро, денеска беше погребана во Сантијаго де Куба, каде пред повеќе од 60 години почна кубанската револуција, чиј водач беше Кастро. Погребот беше одржан откако кубанските власти во последен момент ги откажаа плановите церемонијата да биде пренесувана во живо на телевизија, на национално и на меѓународно ниво. На новинарите од странските...

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Правото на глас денес ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата. Според Државната изборна комисија, за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни...