Левица: Судот го одби барањето на саботерите што не сакаат да учествуваме на изборите

-

Основниот суд Скопје 2 донел решение со кое го одбил како неосновано барањето за донесување привремена мерка за забрана на партијата Левица да учествува на предвремените парламентарни избори, закажани за недела, 11 декември. Барањето, кон крајот на минатиот месец, го поднесе лице кое се преставува како член и основач на партијата.

„Ова е уште еден правен пораз на обидот на некои инсајдери и саботери да се оневозможи учеството на Левица на предвремените парламентарни избори“, стои во соопштението на Левица, објавено денеска на официјалниот фејсбук-профил на партијата.

Од Левица велат дека одлуката за самостоен настап на партијата на изборите, која беше оспорена во барањето што беше доставено до судот, е статутарна и легална, односно „донесена во демократска постапка и изгласана од мнозинството членови на централниот комитет, по претходна консултација со членовите на локалните организации на Левица“.

„Важно е да се напомене дека огромното мнозинство од базата на Левица зазеде став за самостоен настап на предвремените парламентарни избори. Левица не потклекнува пред овие обиди за саботажи и замешателства, досега невидени во политичката историја на Македонија. Левица со својата креативна кампања ќе успее да стане парламентарна партија и да се бори за интересите на најзагрозените категории во нашето општество“, се додава во соопштението од Левица.

Мариупол не е град во Русија, туку во Украина

Објава на Фејсбук го опишува Мариупол како „град во Русија“, но според меѓународното право, тоа е град во Украина, кој е под окупација на Русија. Таа го држеше под опсада...