fbpx

Во Турција забрането известување за убиството на рускиот амбасадор

-

Судот во Турција забрани да се известува за истрагата за минатонеделното убиство на рускиот амбасадор Андреј Карлов, соопштија денеска државните медиуми.

Судот во Анкара го прифати барањето на обвинителството да се забрани емитувањето на снимката од убиството, како и известување за истрагата. Тоа вклучува и вести кои се однесуваат на очевидци, жртви или осомничени во врска со убиството.

Турски полицаец пукаше во Карлов, додека амбасадорот држеше говор на отворањето на изложба на фотографии во Анкара на 19 декември.

Судот соопшти дека вестите за тоа може да нанесат штета на истрагата и на националната безбедност.
Забраната ќе важи додека трае истрагата.

Не е јасно што довело до забраната седум дена по убиството, но таа следи еден ден откако весникот „Хуријет“ објави детално интервју со сестрата на Мевлут Мерт Алтинташ, кој го уби Карлов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...