fbpx
Таг: заболени

таг: заболени

ИЈЗ: За една недела 3.209 заболени од грип и еден смртен случај

Во текот изминатата недела (од 18 февруари до 24 февруари), регистрирани се 3.209 заболени од грип, што е за девет отсто зголемување споредено со минатата недела кога беа регистрирани 2.943 заболени од грип, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај поврзан со грип. Станува збор за лице на...

Нови тринаесет заболени од морбили, дете и возрасен во тешка состојба

Тринаесет заболени од морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои седум се примени на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство согласно податоците од Клиниката за инфективни болести. „Станува збор за четворица возрасни од Скопје и Велес, меѓу кои една 37-годишна жена е со потешка клиничка слика. Другите тројца возрасни се со непознат вакцинален статус. Примени се...

Морбили, вакцинација, заразени: Епидемијата низ бројки и факти

Не стивнува епидемијата на морбили. Бројот на лица со симптоми на морбили секојдневно се прегледуваат и хоспитализираат во болниците, а најкомплицираните случаи се на Клиниката за инфективни болести. Денеска поради компликации од ова заразно заболување, почина тринаесетмесечно бебе, кое е трета жртва во рок од само неколку дена. - Болеста може да се спречи единствено со вакцинација. Апелираме уште еднаш...

Грипот зема замав: Регистрирани се 1.252 заболени и два смртни случаи

Во текот на изминатата недела од 28 јануари до 3 февруари, се регистрирани 1.252 заболени од грип, што е речиси двојно зголемување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 643 заболени од грип. Се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се наведува во извештајот на...

Само пет отсто од училишните деца не се вакцинирани со МРП 

Теренска вакцинација не се случи на првиот ден од второто полугодие, затоа што според податоците, само пет отсто од училиштните деца не се вакцинирани со МРП вакцина, што не е голем процент, велат за „Мета“ во Министерството за здравство. - Комисијата за заразни болести на последниот состанок одлучи да не се продолжи зимскиот распуст, затоа што бројот на вакцинирани ученици...

Еден пријавен случај на морбили во Тетово

Здравствен работник, вработен во Скопје е првиот пријавен случај на морбили во Тетово. Случајот е регистриран на 18 јануари, а пациентот е на домашно лекување, информираат од Центарот за јавно здравје Тетово. Надлежните континуирано работаат на сите пунктови за пребарување и пронаоѓање на невакцинираните и непотполно вакцинираните лица со МРП. Од таму потврдуваат дека најголем е бројот на невакцинирани...

Не попушта епидемијата на морбили, денеска четири нови заболени со компликации

Министерството за здравство ќе прогласи крај на епидемијата на морбили кога ќе се случи да нема ниту еден заболен во период од четири недели, информираат оттаму за „Мета“. „Процесот на инкубација трае две недели. Кога ќе има два пати по две недели без ниеден заболен пациент, тогаш ќе се стопира епидемијата. Засега тоа нема шанси да се случи, бидејќи само...

Изминатата недела регистрирани 281 заболени од грип

Изминатата недела, од 7 до 13 јануари се регистрирани 281 заболен од грип, што е зголемување за 43,4 отсто во споредба со неделата пред неа кога беа регистрирани 196 случаи, информира Институтот за јавно здравје. Во извештајот од таму, се вели дек бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 34,3 отсто во споредба со втората недела од минатата...

Во Србија 29 луѓе починале од вирусот Западен Нил

Од почетокот на сезоната на комарците, од 1 мај, о соседна Србија до вчера биле регистрирани 286 случаи на заболени од вирусот Западен Нил, а 29 починале од последиците, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Др. Милан Јовановиќ - Батут“. Најголемиот број заболени се регистрирани околу Белград и на територијата на Војводина. До 6 септември, на Косово биле регистрирани три...

Минатата недела имало 1.085 новозаболени од грип

Од 22 до 28 јануари  пријавени се 1.085 новозаболени од грип, што е зголемување за 70 проценти во споредба со претходната недела кога биле регистрирани 637 заболени лица, информираат од Институтот за јавно здравје. Во однос на минатата сезона, кога биле регистрирани 1.919 случаи, постои намалување на бројот на заболени во четвртата недела од јануари за девет отсто. Најголем број од заболените се...

Ќе се испитува водата во Гостивар, резултатите од анализата – следната недела

Министерството за здравство информира дека денеска екипа од Институтот за јавно здравје зела дополнителни мостри за испитување на квалитетот на водата во Гостивар, во однос на бактериолошка исправност, периодично физичко-хемиска, како и анализа на остатоци од пестициди, информираат од таму. Резултатите од анализите се очекуваат на почеток на следната недела. Bо текот на ноќта, во гостиварската болница лекарска помош побарале уште 60...

Уште 60 лица од Гостивар побарале лекарска помош поради дијареа и изнемоштеност

Bо текот на ноќта, во гостиварската болница, лекарска помош побарале уште 60 нови лица со симптоми на дијареа и на изнемоштеност, информираат од Министерство за здарвство. Со ова, вкупната бројка на заболени се зголеми на 360 лица. Од Министерство за здравство уште еднаш потврдуваат дека „од епидемиолошките и од другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за...

Три нови случаи на заболени со мали сипаници

Во текот на изминатата недела, од 14 до 20 октомври, регистрирани се три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на заболени е 17 лица, информираат од Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на заболени, 10 лица живеат во населбата Маџари - Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано во село...

Светскиот ден на мирот утре граѓаните ќе го одбележат со протест за чист воздух

Светскиот ден на мирот (21 септември), Коалицијата О2 за чист воздух и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ќе го одбележат со мирен марш за право на чист воздух. Маршот ќе почне пред Владата со почеток во 17 часот, ќе продолжи по булеварот Илинденска и на булеварот 8 Септември, граѓаните ќе се спојат со здруженијата од Карпош, кои претходно ќе...

За половина намален бројот на заболени од грип

Во текот на третата недела од јануари, пријавени се 2.417 новозаболени лица од грип, што претставува намалување од 55,8 проценти во споредба со втората недела (од 9 до 15 јануари), кога беа пријавени 5.472 случаи, информира Институтот за јавно здравје за состојбата со грипот до 22 јануари. Во истиот период, бројот на регистрирани случаи кај децата до 14 години е намален...

Две деца неделава починале од грип, соопшти ИЈЗ

Во текот на оваа недела регистрирани се два смртни случаи „асоцирани со грип“, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Република Македонија, кој го презентираше извештајот за состојбата со грипот во период од 1 до 8 јануари. Според извештајот, станува збор за деца на возраст од три и од четири години од Кичево и од Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за...

Грипот коси, но далеку сме од условите за прогласување епидемија

Надлежните институции досега не прогласија епидемија на грип иако бројките на заболени се алармантни и далеку поголеми од вообичаените случаи во претходниот период. Сепак, еден од условите за прогласување на епидемија е да има „невообичаено зголемување на бројот на заболени со компликации или смртен исход“. Институтот за јавно здравје вчера соопшти дека заклучно со први јануари биле пријавени 9.485 новозаболени...

Рано е да се каже дали грипот и студот ќе го продолжат зимскиот распуст

Сè уште е рано е да се размислува за тоа дали зимскиот распуст за учениците, кој трае до 18 јануари, ќе биде продолжен поради состојбата со грипот, велат неофицијално од Министерството за образование и наука (МОН). Официјален одговор на прашањето на „Мета“ дали поради грипот се размислува распустот за учениците да биде продолжен, сè уште не сме добиле. Оваа мерка за...

Во Албанија 18.000 лица заболени од сезонски грип

За една недела, повеќе од 18.000 лица се официјално избројани како погодени од сезонскиот грип во Албанија. Лекарите велат дека ситуацијата е загрижувачка и дека оваа бројка на заболени е само од тие што побарале помош, но не се вбројани заболените што не се обратиле на доктор или во здравствени установи. Артан Меси, директорот на епидемиолошкото одделение при институтот за јавно здравје во...

Во Охрид се зголемува бројот на заболени од грип

Последниве неколку дена, во Охрид рапидно се зголеми бројот на заболените од грип. Од Институтот за јавно здравје потврдуваат дека сезонскиот грип во општина Охрид ги наполнил здравствените установи. Ситуацијата била особено тешка за време на празниците, кога не работеле матичните лекари, така што за преглед во општата болница се чекало во редица. Мајка со болно дете ситуацијата ја опиша како алармантна, бидејќи...

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...