fbpx
Таг: заболени

таг: заболени

Две работнички во штипска конфекција заболеа од корона вирусот

Со тестовите во петокот и еден вчера, потврдени се две случаи на заболени работнички со Ковид-19 во текстилна фабрика во Штип, потврдија од Центарот за јавно здравје во Штип. Случаите се поврзани со новиот кластер во Штип со заболениот таксист и неговата сопруга медицинска сестра во приватна ординација. Утре се очекуваат резултатите од земените седум тестови на високоризични контакти...

Грција сепак не е европски шампион за Ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 24 пациенти, вкупната бројка изнесува 1.642

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1, Велес-2. Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 19.096 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на дијагностицирани со корона...

Оздравени 38 пациенти, потврдени 21 нови, уште двајца починати од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти, починале двајца, а се регистрирани 21 новозаболени. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија починал пациент на 51 година од Прилеп, чиј...

Оздравеа 36 пациенти, починаа шестмина, регистрирани 22 нови случаи на заболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека се оздравени 36 пациенти, 22 се новозаболени од корона вирусот, а починале шестмина. „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8...

Шест пациенти починаа, 54 нови регистрирани, вкупната бројка е 908 заболени од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа четворица пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во болницата „8 септември“ починаа две лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59). Со два негативни теста и во добра општа...

АЗЛП ќе поднесе кривична пријава за споделувањето на податоците на заболените од Ковид-19 во Куманово

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) соопшти дека поднесува кривична пријава против непознат сторител поради објавувањето на списоците со лични податоци (име и презиме, матичен број и адреса) на лица со Ковид-19 од Куманово, кои интензивно се споделуваа на социјалните мрежи, а за што пишуваше „Порталб.мк“ и пренесе „Мета.мк“. Кривичната пријава е за злоупотреба на лични податоци од член...

Коалиција „Маргини“: Стоп за дискриминацијата и вознемирувањето на лицата позитивни на Ковид-19

Мрежата за заштита од дискриминација апелира и бара од Владата и надлежните институции да преземат мерки за спречување на вознемирувањето и прекршувањето на човековите права на луѓето позитивни на Ковид-19 и на луѓето кај кои постои сомневање дека се позитивни на вирусот. „Во изминатиот период се појавија голем број на написи на медиумите, воглавно на интернет-порталите, каде се објавија слики, имиња...

Филипче не генерализираше дека пациентите заболени од корона вирусот се со лесна слика

Текстот уште со насловот ја дезинформира јавноста, бидејќи министерот за здравство, Венко Филипче во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ воопшто не генерализираше дека пациентите заболени од корона вирусот се со лесна слика, пишува „КриТинк“. Филипче уште на почетокот на емисијата најпрво опширно говореше за најтешката форма на болеста, а дури потоа се надоврза дека наспроти компликациите кои можат да настанат...

По повикот од Кризниот штаб, жители на Кочани јавно кажуваат дека имаат Ковид-19

Откако пред неколку дена лекарите од Кризниот штаб во Кочани – двајца специјалисти и тројца матични лекари, ги повикаа граѓаните да излезат и јавно да кажат дека се позитивни на корона вирусот, веќе имаше неколку случаи во кои заразени со вирусот јавно го обелоденија тоа. „На седницата на Општинскиот кризен штаб што се одржа денеска, медицинските лица предложија лицата што...

Пет починати и 29 новозаболени пациенти од корона вирусот, вкупно заразени 599 лица

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починале четворица пациенти заболени од корона вирусот пациент од Куманово (52), пациентка од Лабуништа, Струга (65), пациентка од Челопек, Тетово (62) и една пациентка од Штип (81). Од таму додаваат дека во Куманово дома починал уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години. Во...

Германија четврти ден бележи пад на новите случаи со Ковид-19

Според Институтот „Роберт Кох“, во Германија во последните 24 часа бројот на нови случаи со Ковид-19 изнесувал 3.677. Како што беше соопштено утрово, тоа е четврти ден по ред како се бележи намалување на бројот на ново дијагностицирани со корона вирусот. Вчера беше соопштено за 5.936 нови случаи. Претпладнево вкупната бројка на дијагностицирани со новиот корона вирус во Германија изнесува 100.123. Со...

Нови 12 заболени од корона вирусот, вкупно до денес 148

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои седум лица се во Скопје а пет во Куманово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 148 лица од кои еден е излекуван и двајца се починати пациенти. Според местото на живеење, досега случаи...

Девет нови заболени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 85

Министерството за здравство информира дека се регистрирани девет нови случаи на корона вирусот во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот, изнесува 85. „Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со...

Бројката на заболени од корона вирусот во земјава се зголеми на 26

Нови три случаи на заболени со корона вирусот се потврдени заклучно со денешниот ден до 12 часот. Како што информира Министерството за здравство, денешната бројка на заболени со корона вирус во земјава изнесува 26 лица. Утрово биле тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје...

Во изолација 64 вработени на Клиниката за кожно, директорката ќе биде разрешена после изборите

Иако ги спроведовме сите мерки на претпазливост, ова со што се соочивме денеска, е нешто што нè разочара. Ќе се преземат мерки за директорката на Клиниката за кожни болести, во првата следна можност ќе биде разрешена од функцијата, а тоа е по изборите, бидејќи сега формално-правно не може, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави дека клиниката ќе...

Филипче ќе купува сапуни за училиштата, градинките и за јавните тоалети

Министерството за здравство треба итно да набави соодветно количество сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и за јавните тоалети. Ова е еден од денешните заклучоци на Владата, донесен врз основа на препораките на кризниот штаб за справување со корона вирусот на Министерството за здравство. Ова следува откако овој вирус почна да се шири во Европа, вклучително и на...

МНР: Нема информација за наши граѓани во Италија кои се заболени од корона вирус

Министерството за надворешни работи согласно информациите добиени од Генералниот конзулат во Венеција - Италија, информира дека до овој момент нема информација за наши граѓани кои се заболени од коронавирусот. „Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус. Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските...

За една недела, двојно зголемен бројот на грипозни

Во текот на минатата недела пријавени се 58 случаи со заболувања слични на грип, што е двојно зголемување во споредба со неделата пред неа, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). - Регистрираната инциденца оваа недела укажува на ниска активност на вирусот на грип. Во текот на изминатата недела, нема регистриран смртен случај асоциран со грип. Оваа недела, во вирусолошката лабораторија...

Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници на целата држава

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на целата територија, информираше денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Владимир Микиќ. Тој додаде дека прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното ширење, да се намали бројот на нови инфекции, да се спречат тешките форми на ова...