fbpx
Таг: заболени

таг: заболени

Бројот на заболени од грип 40 пати повисок отколку лани

Изминатата недела од грип заболеле 4.195 лица, а минатата година во истото време овој број изнесувал 109 лица, што значи годинава бројот на заболени е 40 пати поголем, покажуваат најновите бројки на Институтот за јавно здравје. Бројот на заболени од грип се зголемил 4,9 пати во споредба со минатата недела, кога биле регистрирани 853 заболени лица. Од Институтот за јавно здравје велат...

Пациент заболен од тропската болест лајшманијаза во Штип

Во штипската Клиничка болница се лекува заболен од лајшманијаза или кала-азар, тропска болест што ја пренесуваат комарци. Ова е прв ваков случај по 2014 година, кога беа регистрирани тројца заболени. Не е лесно да се дијагностицира и тешко се лекува, а се манифестира со тешка клиничка слика. Паразитот ги напаѓа црниот дроб, слезинката и лимфните јазли. Предизвикувачот се пренесува преку инсекти кои...

Опаѓа бројот на заразените со зика

Светската здравствена организација (СЗО) денеска потврди дека се намалува бројот на заразените со вирусот зика во Бразил. - Епидемијата на зика е дефинитивно во опаѓање во Бразил. Освен во Бразил, епидемијата има тенденција на опаѓање и во Колумбија и африканската држава Зелен ’Рт - потврди денеска Мари Киени, помошник директор на СЗО на прес-конференција во Париз посветена на вирусот зика. Киени не...

Зголемен број заболени од овча сипаница

Во јануари во Институтот за јавно здравје се регистрирани 829 случаи на овчи сипаници во цела земја, што е речиси иста состојба со претходниот месец кога биле откриени 816 болни, но двојно повеќе од ноември, кога имало околу 400 заразени. Меѓутоа, во споредба со јануари лани, оваа болест бележи пораст од 64 отсто. Тогаш имало само 504 болни со овчи сипаници....

Венецуела: 4.700 заразени со вирусот зика

Венецуела регистрирала 4.700 можни случаи на вирусот зика, за кој се верува дека предизвикува оштетување на мозокот кај новороденчиња, соопшти министерството за здравство на таа земја. - Имаме извештаи од 4.700 пациенти, за кои се сомневаме дека се заразени со новиот вирус и тоа врз база на симптомите – рече министерката за здравство, Луизиана Мело. Таа рече дека бројот на заразените...

30 отсто од заболените од грип во Македонија се од Тетовско

Центарот за јавно здравје Тетово има регистрирано 376 лица заболени од сезонски грип или 30 отсто од вкупниот број заболени на територијата на целата земја. Лекарите велат дека аерозагадувањето многу придонесува за порастот на бројката на лица заболени од сезонски грип. Суспендираните честички од прав со големина до 10 микрометри се способни да навлезат во респираторниот систем и да го...

Туберкулоза и СИДА се водечки причини за смртност од заразни болести

Бројот на починатите од туберкулоза првпат се приближи на статистиката на умрени од СИДА, која е водечка причина за заразни болести, наведува Светската здравствена организација (СЗО) во соопштението објавено вчера. Во 2014 година, од туберкулоза (ТБЦ) во светот починале 1,1 милиони лица, а во истиот период од ХИВ/СИДА починале 1,2 милиони, меѓу нив и 400.000 заразени со ХИВ и со...

Политиката ги разболи учениците од „11 Октомври“

Водата не е причина за заболувањето на децата во основното училиште „11 Октомври“ во Скопје, неофицијално дознава „Мета“. Официјално, пак, резултатите ќе бидат објавени утре. Од вчера училиштето е затворено од Државниот санитарен инспекторат. Според информациите, повеќе од 50 деца имаат симптоми со стомачни проблеми, повраќање и дијареја, висока температура и главоболка. Има одделенија во кои од 27 деца дури...

Двајца новозаболени од туларемија во скопско Грушино

Институтот за јавно здравје лабараториски потврдил два нови случаи на туларемија во скопско Грушино, со што бројката на заболени во скопскиот регион се искачи на 14. - Се работи за возрасни лица на 68 и 74-годишна возраст. Едното лице е хоспитализирано, другото се лекува во домашни услови. Независни се еден од друг, не се поврзани. Ова се највозрасни пацинети досега...

Нови случаи на туларемија, во Арачиново прогласена епидемија

Два нови случаи на туларемија на подрачјето на општина Арачиново биле лабораториски потврдени, поради што Центарот за јавно здравје - Скопје вчера прогласил локална епидемија на подрачјето на општината. Со новите два случаи, вкупниот број на заболени од туларемија во општина Арачиново изнесува 12, додека на територијата на целата земја вкупната бројка е 31 заболен. Заболените се на возраст од 11...

Три нови случаи на туларемија

Нови три случаи на туларемија вчера се потврдени со лабораториски наоди во Институтот за јавно здравје, соопшти денеска Министерството за здравство. Заболените, кои се на возраст од 19 до 37 година, се од скопската околина, еден е од општина Чаир, а две лица се од општина Арачиново. Од Министерството наведуваат дека лицата се во добра општа состојба и оти по извршените...

Се зголемува бројот за заболени од грип

Вкупно 4.781 новозаболено лице со симптоми на грип се регистрирани во Македонија во последната недела од минатиот месец, соопшти Министерството за здравство, наведувајќи дека бројот за заболените за една недела пораснал за 43,7 проценти. Според последните статистички податоци, досега се пријавени 18.652 лица со симптоми на грип, а од министерството посочуваат дека бројот на заразените ќе се зголеми и со следните...

Се зголемува бројот на заболени од грип

Во текот на петтата недела од 2015 година (од 26 јануари – 1 февруари), во Република Македонија се пријавени 1.649 новозаболени лица на групни пријави за заболени од грип, што во однос на минатата недела претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи за 26,8 проценти. Во споредба со бројот на заболени во петтата недела од минатата сезона, оваа година се бележи намалување за 29,8 отсто,...

Повторно се зголемува бројот на заболени од ебола

Најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека првпат годинава дошло до зголемување на бројот на заболени од ебола во најзагрозените земји во Африка. Бројот на новите случаи е зголемен во трите најтешко погодени држави – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Податоците на СЗО укажуваат дека обидите да се стави под контрола епидемијата, сепак, не го дале очекуваниот ефект. Досега...

Еболата во Либерија речиси искоренета

Властите во Либерија денеска соопштија дека има уште пет случаи на ебола и потврдуваат дека епидемијата која однесе повеќе илјади жртви е блиску до искоренување. „Имаме пет потврдени случаи на ебола во Либерија од денеска“, рече заменик-министерот за здравсто, Толберт Њенсувијах. Тој рекол дека три случаи се забележани во престолнината Монровија, а два во северозападните окрузи Боми и Гранд Кејп Монт. „Одиме...

Се намалува бројот на заболени од грип

Минатата недела, биле регистрирани 332 случаи на грип. Од почетокот на сезоната досега, бројката се искачи на 2.410 заболени, пренесе „Здравство24“. За време на празниците, имало помал број на заразени и процентуално има намалување во споредба со последната недела од 2014 година. Во споредба со бројот на заболени во првата недела од минатата сезона (370), се бележи намалување за 10,3 проценти,...

Во Штип нови случаи на жолтица

Четиринаесет нови случаи на заболени со жолтица регистрирал Институтот за јавно здравје во Штип. Тоа е бројот на заболени во октомври и во ноември. Официјален крај на епидемијата од жолтица е објавен на 31 октомври, но и понатаму се јавуваат новозаболени. Дел од нив се хоспитализирани, но поголемиот број се лекуваат дома. Од Институтот за јавно здравје во Штип велат...

Во 2014 година, регистирирани 39 случаи на ХИВ/СИДА

Во 2014 година, во Република Македонија се регистрирани нови 39 случаи на ХИВ/СИДА. Од нив, 16  се заболени од СИДА, а 23 лица се ХИВ-позитивни, објави Институтот за јавно здравје. Тековната година регистрирани се и три смртни исходи од СИДА. Според структура по пол, 37 лица од заболените се мажи, а две лица се од женски пол. 20 од заболените се од Скопје, две од Свети Николе,...

Повеќе од 16. 000 лица заболени од ебола

Бројот на заболени од ебола во светот ја надмина бројката од 16.000, соопшти Светската здравствена организација. Според СЗО, од оваа болест починале речиси 7.000 луѓе. Најголемата досега забележана епидемија на ебола најтешко ги погоди западноафриканските земји Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Расте бројот на заболени од ХОБС

Секое лице постаро од 40 години кое ги препознава симптомите на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ), како што се кашлица, создавање и искашлување секрет и отежнато дишење, треба да оди на лекар и да ги направи превентивните прегледи. Најдобра превентивна мерка е престанок со пушењето и во тоа потребна е помош од семејството и заедницата. Македонија е меѓу земјите каде...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...