Таг: возови
таг: возови
Нова епизода на „Шорткат“ – ги прашавме младите колку го користат возот при патувањата
Новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ повторно носи интересни и актуелни теми, при што акцентот го ставивме на младите и железницата.
https://youtu.be/fKeakT_EJ14
Во понеделникот во Скопје пристигна возот „Connecting Europe Express“ на ЕУ, којшто се обидува да го привлече вниманието на европската јавност кон предностите што ги нуди возот како превозно средство. Фактичката состојба покажува дека бројот на патнички возови,...
Европскиот воз вчера пристигна во Скопје, ЕУ ја промовира железницата како превозно средство [галерија]
Единствениот меѓународен патнички воз годинава меѓу Белград и Скопје вчера вечер пристигна на Железничката станица во Скопје. Европскиот воз „Connecting Europe Express“ го посети главниот град на земјава, за да ја испрати пораката на ЕУ дека иднината на транспортот е во железницата. Со возот од Белград допатува и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а европскиот воз на...
Во Белград потпишана декларација за развој на железницата во земјите од Западен Балкан
Министрите за транспорт и врски од земјите на Западен Балкан и граничните земји на ЕУ, заедно со претставници на Европската Комисија и бројни други гости, денеска учествуваа на првиот Меѓународен самит посветен на развојот на железницата во земјите на Западен Балкан, што денеска се одржа во Белград.
На Самитот министерот Бочварски, заедно со неговите колеги од другите земји, ја потпиша...
Со Декларација, земјите од Западен Балкан ќе ги враќаат укинатите меѓународни возови
Земјите од Западен Балкан во иднина би се поврзале меѓусебно и со членките на ЕУ со меѓународни експресни возови, кои веќе неколку години наназад постепено се укинуваа во регионов.
Владата на РСМ на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со претстојниот Самит на Министри посветен на железници, кој е во организација на Постојниот Секретаријат на Транспортната...
Железничкиот сообраќај е ставен во функција, заврши штрајкот на машиновозачите
Машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт го прекинаа штрајкот, откако постигнаа договор со раководството на железничкото транспортно претпријатие. Вториот дел од платата за јуни веќе им е исплатен, а до 15 август го очекуваат и првиот дел од платата за јули. Договорено е вториот дел од платата за претходниот месец да го добијат до 25 август, а доколку ова не...
Машиновозачите бараат плати, железничкиот сообраќај во земјава е во прекин
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава е во прекин од вчера во 16 часот, поради бојкотот на машиновозачите. Работничкиот персонал на Железници на РСМ-Транспорт кој ги управува возовите во земјава си го бара вториот дел од платата за јуни. Машиновозачите најавија дека до управниот одбор на железничкото претпријатие и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис...
Во Европската година на железницата, со месеци не сообраќаат возовите за Кичево, Кочани и Приштина
Европската Унија ја прославува 2021 како Европска година на железницата, додека во Македонија се укинати или привремено не сообраќаат и малкуте патнички возови на пругите. Тековново лето нема експресни возови од Скопје кон Белград и Солун, а веќе неколку месеци не сообраќа ниту брзиот воз на релација Скопје-Приштина-Скопје.
Бројот на возови за превоз на патниците е редуциран и во внатрешниот...
Ковид-19 пандемијата се стиши, бесплатните билети за воз за студенти и ученици останаа укинати
Бесплатните железнички билети за млади до 27 години, студенти и средношколци остануваат укинати. Поради ковид-19 пандемијата и наголемувачкиот број на заболени лица, Владата на РСМ лани одлучи од 19 март 2020 година времено да ги стави во мирување поволностите за бесплатно патување со воз за младите лица, во насока на спречување на ширењето на корона вирусот во земјава.
По повеќе...
Железница со иницијатива за воведување возови на секои два часа од Скопје кон Тетово, Куманово и Велес
Железници на РСМ-Транспорт покрена иницијатива за воведување на патнички возови на релациите Скопје-Тетово, Скопје-Куманово и Скопје-Велес на секои два часа во текот на денот. Ваквата иницијатива е доставена до Владата на РСМ на почетокот на годинава, а предлогот на раководството на Железници е да се набават минимум 10 нови возови, и тоа 6 дизел моторни гарнитури и 4 електро...
Ковид-19 предизвика финансиски штети во транспортот и во првиот квартал од годинава
Ковид-19 пандемијата продолжува да предизвикува финансиски штети и намалување на обемот на работа на транспортот во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во превозот на патници забележано е значително намалување на нивниот број во првите три месеци од 2021 година. Бројот на превезени патници во патниот патнички превоз изнесувал 580.000, во градско-приградскиот превоз 8.562.000, во железничкиот превоз...
Возот „Connecting Europe Express“ есенва ќе го мине целиот континент, во Скопје доаѓа на 13 септември
Заеднички европски воз за 36 дена ќе мине низ 26 земји на континентот. Европската Комисија по прогласувањето на 2021 година за Европска година на железницата, деновиве го објави возниот ред на возот „Connecting Europe Express“. Во периодот од 2 септември до 7 октомври, возот ќе патува 20.000 километри, преминувајќи 33 гранични премини, на своето патешествие од Лисабон до Париз.
Возот...
На скопската железничка станица вчера се запали локомотива од патнички воз, нема повредени
Нов инцидент во железничкиот сообраќај во земјава, по само неколку недели од излетувањето од шини на товарен воз кај кумановското село Романовце. На скопската железничка станица вчера вечер се запалила електричната локомотива од патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје. За среќа, пожарот настанал веднаш по пристигнувањето на возот на станицата, а патниците безбедно го напуштиле истиот. Нема повредени...
Франција ќе забрани домашни летови до градовите кои се меѓусебно поврзани со воз
Француските пратеници изгласаа забрана на летови во домашниот воздухопловен превоз помеѓу градови за кои патувањето може да се изврши со патнички воз во времетраење од максимум 2 и пол часа, јавува Гардијан. Како дел од мерките за заштита на животната средина и климата, на авиокомпаниите ќе им се забрани да летаат меѓу дестинациите како што се Париз-Нант, Париз-Лион и...
Патничките возови од денеска со изменет возен ред поради полицискиот час
Поради воведувањето на полициски час во земјава во периодот од 10 до 22 март, Железници на РСМ-Транспорт ги известува патниците дека ќе има изменет возен ред на патничките возови.
На релацијата Скопје-Битола-Скопје, патничките возови во наредните 12 дена ќе поаѓаат од Скопје во: 6:57, 13:49 и 17:25 часот. Возовите од Битола за Скопје ќе поаѓаат во: 5:30, 12:51 и 17:45...
Откако студентите и средношколците не патуваат поради ковид-19, возовите се попразни од кога било претходно [инфографик]
Патничкиот железнички сообраќај во земјава продолжува да руши неславни историски рекорди, коишто лани беа предизвикани првенствено од ковид-19 пандемијата. Со возовите лани биле превезени скромни 253.058 патници, информираат за „Мета.мк“ од Железници на РСМ-Транспорт.
Од железничкиот превозник велат дека намалувањето на превезените патници во земјава е за околу 50 отсто во споредба со 2019 година, а притоа треба да се...
За железницата 2020 е промашена година, наредниве 12 месеци да нема одложување на проектите
За развојот на железничката инфраструктура и транспорт во земјава, минатата година претставуваше период што го одбележаа мноштво негативни и многу малку позитивни настани. Со право може да се констатира дека 2020 беше промашена година за железницата, ако се земе во предвид фактот дека беше сопрена изградбата на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од Коридорот 8 кон Бугарија и беше...
Догодина 6,5 милиони евра за патничкиот превоз, нема чаре за расипаните кинески возови
Во недела, 13 декември стапува на сила новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто не носи значајни измени кај бројот на возови во патничкиот железнички сообраќај во земјава. Бројот на возови догодина останува идентичен како и изминатава година, со исклучок на укинувањето на меѓународниот воз за Белград и Солун во летните месеци. Нема новини ниту во...
Ковид-19 за девет месеци донесе огромни штети во превозот на патници во земјава [инфографик]
Како последица на ковид-19 пандемијата, превозот на патници во земјава руши негативни рекорди. Авиосообраќајот, железничкиот транспорт, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз, како и јавниот превоз во градовите, бележат огромно намалување на бројот на превезени патници во првите девет месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-септември 2020 година, градско-приградскиот превоз го користеле 31.210.000 патници, а...
Ако се почитуваат мерките, ризикот од КОВИД-19 во автобус или воз е минимален
Јавниот превоз во земјава трпи сериозни штети од ковид-19 пандемијата, а веќе подолго време се посочува како ризична локација на која може да се пренесува корона вирусот меѓу граѓаните. Владата на крајот на октомври воведе мерка за ограничување на исполнетоста на возилата за превоз на патници до 50 отсто од нивниот максимален капацитет. „Мета.мк“ контактираше со дел од превозниците,...
Колку е можен слободен проток на патници и стоки во Западен Балкан без заеднички гранични премини?
Меѓу Скопје и Приштина се патувало за околу еден и пол час не само денес по новиот автопат „Арбен Џафери“, туку и во 80-тите години на минатиот век со воз. Тогашниот експресен воз „Акрополис“ во 1987 година ја минувал оваа дестинација меѓу Косово Поле и Скопје за 1 час и 29 минути, а со сите други возови меѓу главните...