fbpx
Таг: возови

таг: возови

Грчката железница во минус поради бегалската криза

Бегалската криза ѝ задава голем финансиски удар на грчката железница. Веќе 10 дена железничката пруга кон Македонија не функционира, поради протестот на бегалците на пругата кај Идомени, поради што голем број комерцијални товарни возови чекаат и не можат да пренесат роба и стоки од Грција кон Европа. Ваквиот застој создава огромна финансиска штета за железницата која секако се соочува со...

Четири лица загинаа во судир на два патнички воза во Германија

Најмалку четири лица загинале, а околу 150 се повредени денеска, при судир на два патнички воза во германскиот град Бад Ајблинг во Баварија, јавуваат германските медиуми. Од силината на ударот, еден од возовите излегол од шини, соопштила полицијата. Како што пренесуваат германските медиуми, биле превртени неколку вагони. Германскиот весник „Зидојче цајтунг“, повикувајќи се на информации добиени од полицијата, објави дека околу...

Поскапен возниот билет за бегалците од 10 на 25 евра

По дводневниот штрајк во „Македонски железници, спроведен од незадоволните машиновозачи кои си ги побараа заостанатите лични доходи и неплатеното здравствено осигурување за јули и за август, од вчера, според изјавите на граѓанските активисти, возниот билет за бегалци е поскапен и сега изнесува 25 евра. Возовите на „Македонски железници“ од вчера повторно се на шините. Цената на возните билети беше зголемена и пред неколку...

Возовите не сообраќаат поради штрајк на машиновозачите, се превезуваат само мигранти

Од вчера напладне, откако машиновозачите ги бојкотираат работните задачи, незадоволни од доцнењето во исплатата на платите, патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија и понатаму е во прекин. Од Железничката станица во Скопје потврдуват дека не сообраќа ниту еден воз, а според дел од синдикатите во „МЖ Транспорт“, пак, пуштени се само три воза за транспорт на мигранти. Според Независниот синдикат...

Австрија и Германија очекуваат илјадници нови бегалци

Речиси 10.000 мигранти во изминатите 24 до 48 часа ја минале австриската граница, соопштиле властите на земјата, откако Будимпешта одлучи да ја крене блокадата и да им овозможи на бегалците да заминат за Австрија. Најголем дел од луѓето што пристигнале во Австрија својот пат веднаш го продолжиле кон Минхен, на југот на Германија, каде биле дочекани со аплаузи од локалните жители,...

Во Гевгелиско е мирно – мигрантите во мали групи влегуваат во земјата

Состојбата на македонско-грчката граница кај Гевгелија е мирна. Околу 600 мигранти во текот на ноќта ја минале границата и со возот во пет часот наутро заминале кон граничниот премин со Србија, Табановце. Од МВР соопштуваат дека се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата, а предност имаат лицата од најранливите категории. Од Македонски Железници најави...

Во судир на два воза во метро, повредени повеќе од 400 лица

Повеќе од 400 патници се повредени во судир на два воза во метро во Јоханесбург. Портпаролката на службата за вонредни ситуации, Нана Радебе, изјави дека во болницата во Јоханесбург се сместени 426 лица кои се здобиени со тешки и со лесни телесни повреди. Спасувачките екипи се на местото на настанот и трагаат по патници, кои можеби се заглавени во вагоните. До несреќата...

Бразил: 140 повредени при судир на два воза

Најмалку 140 лица се повредени откако синоќа два патнички воза се судрија во бразилскиот град Мескита. Како што јавуваат локалните медиуми, воз удрил во друг воз кој стоел на станица. Патниците се полесно повредени и се хоспитализирани во локалните болници. Железничките служби и регулаторната агенција „Агетрансп“ почнаа истрага за причините за несреќата.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...