Во „Шорткат“ разговараме за еколошки одржлива мода со дизајнерката Мирјана Јосифоска

Македонска дизајнерка која креира шапки и користи рециклирани материјали при нивната разработка е главна тема на најновата епизода на емисијата „Шорткат“ што ќе ја емитуваме денеска. Разговаравме со модната дизајнерка Мирјана Јосифоска и повеќе детали за нејзината работа ќе може да погледнете во најновото издание на емисијата за млади.

Покрај ова, во „Шорткат“ информираме и за тоа како помина одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, како и за најновата владина реформа за намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5 проценти на производите за менструална хигиена.

Во емисијата за млади известуваме и за тоа како помина 18-тото издание на меѓународната конференција е-Општество.мк, која годинава се одржа на тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“. Во „Шорткат“ информираме и за новиот возен ред на возовите за 2023 година, како и за долгоочекуваната вест од гејмерите – графичката преработка на играта Witcher 3: The Wild Hunt.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на сите наши канали на социјалните мрежи. Следете ги нашите вести за млади.