fbpx

Возовите кон Куманово и Табановце повторно не сообраќаат, нема доволно машиновозачи

-

Патничките возови на релација Скопје-Куманово-Табановце-Скопје не сообраќаат од 4 јануари годинава, а граѓаните од кумановските села реагираат дека им е укинат најевтиниот превоз кон Куманово и Скопје. Според возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, дневно меѓу Скопје и Табановце сообраќаат по четири пара возови, со поаѓања од главниот град во 4:01, 6:45, 16:25 и 20 часот и поаѓања од Табановце во 5:15, 8, 17:40 и 21:15 часот.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ деновиве реагираа дека железничката станица во Куманово зјае целосно празна, а најголемата македонска општина е оставена без железнички сообраќај.

„По Кичево и Кочани, кои веќе 2 години се без железнички сообраќај, МЖ Транспорт АД одлучи да ги укине и сите патнички возови од Скопје кон Табановце и обратно. Со тоа над 100.000 луѓе од Куманово и околните населени места за жал, не можат да го користат возот како превозно средство“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е прво привремено укинување на патничките возови меѓу Скопје и Табановце. И во јули минатата година реагираа граѓаните дека возовите на оваа релација не сообраќаат, но по краткиот застој, државната железница повторно го пушти во функција патничкиот железнички сообраќај на оваа пруга. Образложението на Железници на РСМ-Транспорт беше дека има недостиг на машиновозачи и недостиг на влечни и влечени средства.

Возовите меѓу Скопје и Куманово привремено не сообраќаат, железницата нема доволно машиновозачи

И денеска од железничкото претпријатие информираа дека причината поради која се укинува линијата меѓу Скопје и Табановце е недостигот на машиновозачи и се надеваат дека проблемот ќе се реши со прием, односно нови вработувања на машиновозачи во претпријатието.

Во моментов, засега возови кои сообраќаат од актуелниот возен ред за 2023 година се единствено оние од Скопје кон Битола, Гевгелија и Велес. Веќе две години нема возови од Скопје кон Кочани и Кичево, а не сообраќа ниту брзиот воз меѓу Скопје и Приштина. Со реконструкцијата на пругата меѓу Ниш и Прешево од српска страна, веќе неколку години, почнувајќи од 1 октомври 2018 година, не сообраќа ниту експресниот воз од Скопје за Белград и Солун.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...