fbpx
Таг: возови

таг: возови

Скокнаа цените на меѓуградските билети, поскапувањето се одрази врз студентите

Поскапувањето на меѓуградските билети на релациите од главниот град до другите градови во Македонија е забележано од страна на граѓаните во земјава. Билетот на релацијата Скопје - Куманово - Скопје што минатата година чинеше 100 денари, па потоа се покачи на 120, денес чини 150 денари. Цената на билетите за релацијата Тетово - Скопје - Тетово се зголеми за 35...

Исплатена платата на железничарите, возовите повторно сообраќаат

Патничките и товарните возови во земјава почнаа да сообраќаат од вчера попладне, откако на железничарите им е исплатен вториот дел од платата за декември. Возовите сообраќаат по вообичаениот возен ред, а машинскиот и извршниот персонал на Железници на РСМ-Транспорт редовно си ги извршува работните обврски. Прекинот на железничкиот сообраќај започна завчера, поради тоа што железничарите уште во ноември лани го...

Патничките и товарните возови не сообраќаат, железничарите бараат плата

Втор ден не функционира патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава. Вработените од Железници на РСМ-Транспорт не ги исполнуваат своите работни обврски поради тоа што не им е исплатен вториот дел од платата за декември. Уште во ноември лани, тие ја предупредија државата дека возовите нема да сообраќаат, доколку најдоцна до 25-ти во месецот не им биде во целост...

Во земјава од ноќеска стапува на сила новиот возен ред на возовите

Во европските земји, како и во Македонија, од полноќ стапува на сила новиот возен ред на патничките возови. Поаѓањата и пристигнувањата на возовите може да се погледнат на веб-страницата на Јавното претпријатијатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Од скопската железничка станица од утре ќе сообраќаат по 15 пара возови дневно, а новиот возниот ред е со важност до 10...

Железница и догодина со идентичен возен ред, ќе нема возови за Белград и за Солун (инфографик)

Веќе трета година по ред нема промени во возниот ред на патничките возови во земјава. Железници на РСМ-Транспорт и во 2022 година ќе вози со идентичниот возен ред од годинава, така што нема да има возови кон Белград и Солун. Новиот возен ред којшто стапува на сила на 12 декември 2021 година веќе е објавен и предвидува сообраќање на...

Железница со 6,3 милиони евра од буџет во 2022 ќе покрива загуби, студентите ги чекаат бесплатните билети

Foto: Borče Popovski
Во Предлог-државниот буџет за 2022 година, којшто во моментов се наоѓа на комисиска расправа во Собранието на РСМ, се наменети 390 милиони денари (околу 6,3 милиони евра) како државни субвенции за надоместување на услугите од јавниот интерес во железничкиот превоз на патници. Со овие средства догодина ќе се покриваат загубите што ги прави државното претпријатие Железници на РСМ-Транспорт во сообраќањето...

Век и половина Македонски железници: До крајот на 2023 година пруга до скопскиот аеродром

По повод одбележувањето на 150 години од основањето на Македонските железници во далечната 1873 година, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ планира до крајот на 2023 година да ја заврши изградбата на пругата од железничката станица Илинден до Меѓународниот аеродром Скопје. На тој начин, Скопје ќе добие аеродромски воз што би сообраќал од Транспортниот центар до аеродромот. Директорот...

Железничкиот транспорт за младите повторно да биде бесплатен, бараат студентските организации

Универзитетските студентски собранија (УСС) во земјава бараат Владата да го врати бесплатниот превоз со воз за студентите и младите во земјава, којшто беше укинат со почетокот на ковид-19 пандемијата во март 2020 година. Пред пандемијата, сите млади лица до 27 години имаа право на користење на бесплатни железнички билети за патување со патничките возови на било која дестинација, и тоа...

Половина година не сообраќаат возовите кон Кичево, Кочани и Приштина, од Железници-Транспорт молк

Граѓаните со месеци по социјалните мрежи реагираат за неодржување на вцртаните линии во возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт за 2021 година, а од државното железничко претпријатие молк за ваквата состојба. Од почетокот на мај годинава е укинат патничкиот воз Скопје-Кочани-Скопје, додека од крајот на мај не сообраќа ниту единствениот воз меѓу Скопје и Кичево. Уште од почетокот на ковид-19...

Железничкиот превоз во прекин, штрајкуваат машиновозачите поради неисплатена плата

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава од утрово се во прекин. Штрајкуваат машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт поради неисплатен втор дел од нивната плата за септември. Патничките и товарните возови нема целосно да сообраќаат до добивањето на платата, информираат синдикалните претставници во железничкото претпријатие. Инаку, Железници на РСМ-Транспорт е претпријатие во сопственост на државата кое има најголеми долгови во...

АНКЕТА: Третина од младите никогаш не патувале со воз, само 0,9 отсто секојдневно го користат

ЕУ ја прогласи 2021 за година на железницата, укажувајќи им на граѓаните дека силно планира да се потпре на нејзиниот развој во наредните години за да го намали влијанието на климатските промени преку намалување на емисиите на стакленички гасови од транспортот. Стимулирањето на развојот на железничкиот превоз е поради неколку причини, од кои една е најактуелна - возот е најеколошкото...

Нова епизода на „Шорткат“ – ги прашавме младите колку го користат возот при патувањата

Новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ повторно носи интересни и актуелни теми, при што акцентот го ставивме на младите и железницата. https://youtu.be/fKeakT_EJ14 Во понеделникот во Скопје пристигна возот „Connecting Europe Express“ на ЕУ, којшто се обидува да го привлече вниманието на европската јавност кон предностите што ги нуди возот како превозно средство. Фактичката состојба покажува дека бројот на патнички возови,...

Европскиот воз вчера пристигна во Скопје, ЕУ ја промовира железницата како превозно средство [галерија]

Единствениот меѓународен патнички воз годинава меѓу Белград и Скопје вчера вечер пристигна на Железничката станица во Скопје. Европскиот воз „Connecting Europe Express“ го посети главниот град на земјава, за да ја испрати пораката на ЕУ дека иднината на транспортот е во железницата. Со возот од Белград допатува и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а европскиот воз на...

Во Белград потпишана декларација за развој на железницата во земјите од Западен Балкан

Министрите за транспорт и врски од земјите на Западен Балкан и граничните земји на ЕУ, заедно со претставници на Европската Комисија и бројни други гости, денеска учествуваа на првиот Меѓународен самит посветен на развојот на железницата во земјите на Западен Балкан, што денеска се одржа во Белград. На Самитот министерот Бочварски, заедно со неговите колеги од другите земји, ја потпиша...

Со Декларација, земјите од Западен Балкан ќе ги враќаат укинатите меѓународни возови

Земјите од Западен Балкан во иднина би се поврзале меѓусебно и со членките на ЕУ со меѓународни експресни возови, кои веќе неколку години наназад постепено се укинуваа во регионов. Владата на РСМ на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со претстојниот Самит на Министри посветен на железници, кој е во организација на Постојниот Секретаријат на Транспортната...

Железничкиот сообраќај е ставен во функција, заврши штрајкот на машиновозачите

Машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт го прекинаа штрајкот, откако постигнаа договор со раководството на железничкото транспортно претпријатие. Вториот дел од платата за јуни веќе им е исплатен, а до 15 август го очекуваат и првиот дел од платата за јули. Договорено е вториот дел од платата за претходниот месец да го добијат до 25 август, а доколку ова не...

Машиновозачите бараат плати, железничкиот сообраќај во земјава е во прекин

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава е во прекин од вчера во 16 часот, поради бојкотот на машиновозачите. Работничкиот персонал на Железници на РСМ-Транспорт кој ги управува возовите во земјава си го бара вториот дел од платата за јуни. Машиновозачите најавија дека до управниот одбор на железничкото претпријатие и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис...

Во Европската година на железницата, со месеци не сообраќаат возовите за Кичево, Кочани и Приштина

Европската Унија ја прославува 2021 како Европска година на железницата, додека во Македонија се укинати или привремено не сообраќаат и малкуте патнички возови на пругите. Тековново лето нема експресни возови од Скопје кон Белград и Солун, а веќе неколку месеци не сообраќа ниту брзиот воз на релација Скопје-Приштина-Скопје. Бројот на возови за превоз на патниците е редуциран и во внатрешниот...

Ковид-19 пандемијата се стиши, бесплатните билети за воз за студенти и ученици останаа укинати

Бесплатните железнички билети за млади до 27 години, студенти и средношколци остануваат укинати. Поради ковид-19 пандемијата и наголемувачкиот број на заболени лица, Владата на РСМ лани одлучи од 19 март 2020 година времено да ги стави во мирување поволностите за бесплатно патување со воз за младите лица, во насока на спречување на ширењето на корона вирусот во земјава. По повеќе...

Железница со иницијатива за воведување возови на секои два часа од Скопје кон Тетово, Куманово и Велес

Железници на РСМ-Транспорт покрена иницијатива за воведување на патнички возови на релациите Скопје-Тетово, Скопје-Куманово и Скопје-Велес на секои два часа во текот на денот. Ваквата иницијатива е доставена до Владата на РСМ на почетокот на годинава, а предлогот на раководството на Железници е да се набават минимум 10 нови возови, и тоа 6 дизел моторни гарнитури и 4 електро...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...