fbpx
Таг: возови

таг: возови

Поради кражба синоќа прекинат железничкиот сообраќај Скопје – Велес

Прекин на железничкиот сообраќај на пругата Скопје - Велес имало вчера од  21.56 до 23.50 часот, поради обид за кражба на тегови од мрежата за напојување на возовите со струја. Како што соопшти МВР, прекинот бил меѓу железничката станица Драчево и железничкото стојалиште „Јане Сандански“.

Министерството за транспорт и врски до утре исплати дел од платите во МЖ-Транспорт

Министерството за транспорт и врски (МТВ) денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе обезбеди дел од потребните пари за покривање на загубите за патнички сообраќај во Македонски Железници - Транспорт, но вработените треба во најбрз рок да овозможат повторно да профункционира железничкиот сообраќај. Ова го соопштиле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески  на денешната...

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај се во прекин, поради штрајк на работниците

Железничкиот товарен и патнички сообраќај се во целосен прекин, бидејќи вработените штрајкуваат и си го бараат вториот дел од платите за октомври. Вчера, од „МЖ-Транспорт“ информираа дека најпрво беше прекинат товарниот сообраќај, а патничкиот, од синоќа на полноќ. Нема информација до кога возовите нема да сообраќаат и дали барањето на вработените ќе биде исполнето, што е услов за прекин на штрајкот.

Железничкиот товарен сообраќај е во прекин, патничкиот ќе се одвива до полноќ

Железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин од 07.30 часот утрово, а  железничкиот патнички сообраќај ќе се одвива само до полноќ, соопшти попладнево „МЖ-Транспорт“. Како што информираат од компанијата, група вработени од машинскиот и извршен персонал во „МЖ-Транспорт“, еднострано и ненајавено, решиле да прекинат со извршување на своите работни обврски, поради неисплатен втор дел од платата за октомври. „Железничкиот патнички...

Продолжи штрајкот на железничарите, возовите мируваат

Товарниот и патничкиот железнички сообраќај во земјава се во прекин поради штрајкот на машинскиот персонал на „Македонски железници - Транспорт“ што почна вчера. Денеска е пропуштен единствено експресниот воз  Белград - Скопје - Солун. Штрајкот ќе трае до исполнувањето на барањето за зголемување на коефициентот за работните места, исплата на вториот дел од платата за април, како и за гаранција...

Сугарески ќе бара решение за проблемите во железничкиот сообраќај

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнал со претставници на Синдикатот на машинскиот персонал при „МЖ Транспорт“, како и со генералниот директор на компанијата, при што разговарале за прекинот со работа на дел од вработените. На средбата се разговарало за доцнењето на платите, како и за другите барања на синдикатот. „Министерот Сугарески изрази огромно разбирање за настанатите ситуации во...

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладне, а патничките – утре

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладнево, во 16 часот, а од утре ќе се воспостави и патничкиот возен сообраќај, најави претставникот на машинскиот персонал во „Македонски железници - Транспорт“, Душко Чакароски. Вработените денеска се сретнале со в.д. директорот на „МЖ – Транспорт“, Игор Коруноски, и било договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората половина да биде исплатена во...

Возовите и денеска не сообраќаат, состојбата со МЖ останува статус кво

Патничките и товарните возила седми ден не сообраќаат поради протестот на вработените во претпријатието „Македонски железници“, кои бараат исплата на јануарската плата. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, вчера апелираше МЖ да продолжат со работа истакнувајќи оти така ќе може да ги исполнат законските можности за да бидат префрлени дополнителните средства и за да се реализираат договорените обврски што ги имаат...

Штрајкот на вработените во МЖ продолжува, возовите и денеска не сообраќаат

Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат поради штрајкот на вработените, информираат од „Македонски железници - Транспорт“. Оттаму велат дека компанијата до крајот на овој месец ќе најде начин да го исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата. - Дополнително би сакале да упатиме еден апел до сите вработени кои не дозволуваат нормално...

Бочварски: Граѓаните останаа без превоз поради неодговорноста на власта

Целиот железнички сообраќај веќе трет ден е во прекин поради несовесната власт, која ги остави вработените во „Македонски железници“ без плати, а граѓаните без превоз, изјави на прес-конференција претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски. - Многу граѓани кои платиле месечни билети за воз не можат да стигнат на своето работно место. Дел од граѓаните не се...

Трет ден возовите не сообраќаат поради штрајк на вработените

Патничките и товарните возови веќе трет ден не сообраќаат, бидејќи вработените на „Македонски железници - Инфраструктура“ бараат да им се исплатат заостанатите плати. Од „Македонски железници - Транспорт“ информираа дека пред почетокот на викендот на вработените ќе им биде исплатен вториот дел од платата за декември 2016 година, а до крајот на месецов и платата за јануари 2017 година. - Поради огромните проблеми...

Забавена е доставата на нафта во земјава, можно е поскапување

Девет камиони што превезуваат нафта и нафтени деривати и беа заглавени на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките земјоделци, се пуштени да влезат во земјава, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. - Вчера, со посредство на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, девет камиони ја поминаа границата, а шест останаа да чекаат. Ги пропуштија само...

Четири нови електрични локомотиви за обнова на возниот парк

МЖ „Транспорт“ и кинеската компанија „ЦРРЦ Џуџоу“ потпишаа договор за набавка на четири нови електрични локомотиви за обнова на возниот парк. Инвестицијата од осум милиони евра е обезбедена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). - Набавката на четирите нови електрични локомотиви практично значи обнова на возниот парк по 40 години и доближување до европските и до светските стандарди. Ќе...

Судир на возови во Италија, загинаа најмалку 12 лица

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во директен судир на два воза на југот на Италија, објавија италијанските медиуми. На местото на несреќата пристигнаа полицијата и брзата помош која им помага на повредените. До несреќата дошло на пругата помеѓу градовите Руво ди Пуља и Корато, во близина на Бари, на крајбрежјето на Јадранско Море. Сè уште не е објавено колку...

Штрајкот на грчката железница продолжен до вторник

Вработените во грчката железница одлучија да го продолжат штрајкот и прекинот на работата до вторник. Гневни на одлуката да се продолжи со приватизацијата, вработените вчеравечер ненадејно ги откажаа сите возови низ Грција од денеска па сè до вторник. Железницата неделава штрајкуваше од понеделник до четврток, па со продолжувањето на штрајкот Грција останува без возови вкупно девет дена во екот на...

Се реактивира железничката линија Солун-Скопје

Од денеска се враќа во функција железничката линија Солун-Скопје за патнички и товарни возови. Денес е предвидено од Солун да заминат два товарни возови, едниот од нив со товар на КОСКО кон централна Европа. Планот на грчката железница е до крајот на неделата сообраќајот целосно да се нормализира и да поминуваат седум од вообичаено деветте товарни возови кон Македонија...

Железничкиот сообраќај во Белгија сопрен поради штрајк

Штрајкот на вработените во белгиската Железница, парализираше голем дел од железничкиот сообраќај. Во јужниот дел од земјата возовите денеска не сообраќаат, додека на северот и во Брисел услугата на превозот е ограничена. Вработените протестираат поради можните измени во законските прописи за работно време, а синдикатите најавија официјален штрајк за во вторник. Истовреме штрајкот на песроналот во затворите, кој трае еден месец, продолжува...

Ќе се воведуваат нови возни линии на релација Скопје – Битола

Од „Македонски железници“ информираат дека од почетокот на јуни, на релацијата Скопје – Битола и обратно ќе сообраќаат седум линии. Покрај постојните, ќе се воведат и нови возови, па така вкупно ќе има три патнички и четири експресни гарнитури, кои ќе сообраќаат на секои два до три часа. Секој четврток, возовите бесплатно може да ги користат студентите, секој трет викенд во месецот е бесплатен...

Железничката линија Скопје – Белград ќе биде во прекин до јуни

Меѓународните возови на релација Скопје - Белград и обратно, од утре до 18 јуни нема да сообраќаат, соопшти „Македонски железници - Транспорт“. Како што известуваат од компанијата, двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување на градежни работи на пругата на територијата на Србија, на делницата Ниш - Прешево - државна граница на Република Македонија.

Вооружени агенти во цивил ќе патролираат во француските возови

Вооружени агенти во цивилна облека ќе патролираат во возовите во Франција, во рамките на безбедносните мерки воведени по терористичките напади во Париз од 13 ноември, минатата година, соопшти денеска директорот на француската железница, Гијом Пепи. „Нашите агенти ќе патролираат во возовите во цивил, а ќе имаат и овластување да пукаат“, изјавил Пепи за француските медиуми. Француската железница (СНЦФ) досега имаше...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...