Таг: возови
таг: возови
Забавена е доставата на нафта во земјава, можно е поскапување
Девет камиони што превезуваат нафта и нафтени деривати и беа заглавени на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките земјоделци, се пуштени да влезат во земјава, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“.
- Вчера, со посредство на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, девет камиони ја поминаа границата, а шест останаа да чекаат. Ги пропуштија само...
Четири нови електрични локомотиви за обнова на возниот парк
МЖ „Транспорт“ и кинеската компанија „ЦРРЦ Џуџоу“ потпишаа договор за набавка на четири нови електрични локомотиви за обнова на возниот парк. Инвестицијата од осум милиони евра е обезбедена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
- Набавката на четирите нови електрични локомотиви практично значи обнова на возниот парк по 40 години и доближување до европските и до светските стандарди. Ќе...
Судир на возови во Италија, загинаа најмалку 12 лица
Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во директен судир на два воза на југот на Италија, објавија италијанските медиуми.
На местото на несреќата пристигнаа полицијата и брзата помош која им помага на повредените.
До несреќата дошло на пругата помеѓу градовите Руво ди Пуља и Корато, во близина на Бари, на крајбрежјето на Јадранско Море.
Сè уште не е објавено колку...
Штрајкот на грчката железница продолжен до вторник
Вработените во грчката железница одлучија да го продолжат штрајкот и прекинот на работата до вторник. Гневни на одлуката да се продолжи со приватизацијата, вработените вчеравечер ненадејно ги откажаа сите возови низ Грција од денеска па сè до вторник.
Железницата неделава штрајкуваше од понеделник до четврток, па со продолжувањето на штрајкот Грција останува без возови вкупно девет дена во екот на...
Се реактивира железничката линија Солун-Скопје
Од денеска се враќа во функција железничката линија Солун-Скопје за патнички и товарни возови. Денес е предвидено од Солун да заминат два товарни возови, едниот од нив со товар на КОСКО кон централна Европа. Планот на грчката железница е до крајот на неделата сообраќајот целосно да се нормализира и да поминуваат седум од вообичаено деветте товарни возови кон Македонија...
Железничкиот сообраќај во Белгија сопрен поради штрајк
Штрајкот на вработените во белгиската Железница, парализираше голем дел од железничкиот сообраќај.
Во јужниот дел од земјата возовите денеска не сообраќаат, додека на северот и во Брисел услугата на превозот е ограничена.
Вработените протестираат поради можните измени во законските прописи за работно време, а синдикатите најавија официјален штрајк за во вторник.
Истовреме штрајкот на песроналот во затворите, кој трае еден месец, продолжува...
Ќе се воведуваат нови возни линии на релација Скопје – Битола
Од „Македонски железници“ информираат дека од почетокот на јуни, на релацијата Скопје – Битола и обратно ќе сообраќаат седум линии.
Покрај постојните, ќе се воведат и нови возови, па така вкупно ќе има три патнички и четири експресни гарнитури, кои ќе сообраќаат на секои два до три часа.
Секој четврток, возовите бесплатно може да ги користат студентите, секој трет викенд во месецот е бесплатен...
Железничката линија Скопје – Белград ќе биде во прекин до јуни
Меѓународните возови на релација Скопје - Белград и обратно, од утре до 18 јуни нема да сообраќаат, соопшти „Македонски железници - Транспорт“.
Како што известуваат од компанијата, двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување на градежни работи на пругата на територијата на Србија, на делницата Ниш - Прешево - државна граница на Република Македонија.
Вооружени агенти во цивил ќе патролираат во француските возови
Вооружени агенти во цивилна облека ќе патролираат во возовите во Франција, во рамките на безбедносните мерки воведени по терористичките напади во Париз од 13 ноември, минатата година, соопшти денеска директорот на француската железница, Гијом Пепи.
„Нашите агенти ќе патролираат во возовите во цивил, а ќе имаат и овластување да пукаат“, изјавил Пепи за француските медиуми.
Француската железница (СНЦФ) досега имаше...
Грчката железница во минус поради бегалската криза
Бегалската криза ѝ задава голем финансиски удар на грчката железница. Веќе 10 дена железничката пруга кон Македонија не функционира, поради протестот на бегалците на пругата кај Идомени, поради што голем број комерцијални товарни возови чекаат и не можат да пренесат роба и стоки од Грција кон Европа.
Ваквиот застој создава огромна финансиска штета за железницата која секако се соочува со...
Четири лица загинаа во судир на два патнички воза во Германија
Најмалку четири лица загинале, а околу 150 се повредени денеска, при судир на два патнички воза во германскиот град Бад Ајблинг во Баварија, јавуваат германските медиуми.
Од силината на ударот, еден од возовите излегол од шини, соопштила полицијата. Како што пренесуваат германските медиуми, биле превртени неколку вагони.
Германскиот весник „Зидојче цајтунг“, повикувајќи се на информации добиени од полицијата, објави дека околу...
Поскапен возниот билет за бегалците од 10 на 25 евра
По дводневниот штрајк во „Македонски железници, спроведен од незадоволните машиновозачи кои си ги побараа заостанатите лични доходи и неплатеното здравствено осигурување за јули и за август, од вчера, според изјавите на граѓанските активисти, возниот билет за бегалци е поскапен и сега изнесува 25 евра.
Возовите на „Македонски железници“ од вчера повторно се на шините.
Цената на возните билети беше зголемена и пред неколку...
Возовите не сообраќаат поради штрајк на машиновозачите, се превезуваат само мигранти
Од вчера напладне, откако машиновозачите ги бојкотираат работните задачи, незадоволни од доцнењето во исплатата на платите, патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија и понатаму е во прекин.
Од Железничката станица во Скопје потврдуват дека не сообраќа ниту еден воз, а според дел од синдикатите во „МЖ Транспорт“, пак, пуштени се само три воза за транспорт на мигранти.
Според Независниот синдикат...
Австрија и Германија очекуваат илјадници нови бегалци
Речиси 10.000 мигранти во изминатите 24 до 48 часа ја минале австриската граница, соопштиле властите на земјата, откако Будимпешта одлучи да ја крене блокадата и да им овозможи на бегалците да заминат за Австрија.
Најголем дел од луѓето што пристигнале во Австрија својот пат веднаш го продолжиле кон Минхен, на југот на Германија, каде биле дочекани со аплаузи од локалните жители,...
Во Гевгелиско е мирно – мигрантите во мали групи влегуваат во земјата
Состојбата на македонско-грчката граница кај Гевгелија е мирна. Околу 600 мигранти во текот на ноќта ја минале границата и со возот во пет часот наутро заминале кон граничниот премин со Србија, Табановце.
Од МВР соопштуваат дека се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата, а предност имаат лицата од најранливите категории.
Од Македонски Железници најави...
Во судир на два воза во метро, повредени повеќе од 400 лица
Повеќе од 400 патници се повредени во судир на два воза во метро во Јоханесбург.
Портпаролката на службата за вонредни ситуации, Нана Радебе, изјави дека во болницата во Јоханесбург се сместени 426 лица кои се здобиени со тешки и со лесни телесни повреди.
Спасувачките екипи се на местото на настанот и трагаат по патници, кои можеби се заглавени во вагоните.
До несреќата...
Бразил: 140 повредени при судир на два воза
Најмалку 140 лица се повредени откако синоќа два патнички воза се судрија во бразилскиот град Мескита.
Како што јавуваат локалните медиуми, воз удрил во друг воз кој стоел на станица. Патниците се полесно повредени и се хоспитализирани во локалните болници.
Железничките служби и регулаторната агенција „Агетрансп“ почнаа истрага за причините за несреќата.