fbpx
Таг: возила

таг: возила

Изменет сообраќаен режим поради натпреварот помеѓу „Вардар“ и „Фенербахче“

СВР-Скопје денеска воспостави посебен сообраќаен режим на движење на возила и на пешаци кон Градски стадион, поради вечерашниот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Вардар“ и „Фенербахче“, кој ќе почне во 20 часот. „Идентично на мерките од неодамна одржаниот Суперкуп на УЕФА, се пропуштаат само возила и лица кои имаат посебни акредитации за движење кон стадионот и кон објектите лоцирани во непосредната околина на Градски...

Уапсени двајца Срби во Грција за кражба на луксузни возила

Грчката полиција уапсила двајца државјани на Србија осомничени за кражба на неколку луксузни автомобили на Халкидики. Уапсени се 24-годишна девојка и 33-годишно момче за кои се наведува дека биле јадрото на групата која секојпат крадела автомобили во различен состав. Украдените возила биле криени во куќа која привремено ја изнајмиле на Халкидики. Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничените од 13 јули...

Експлозија и пожар во стан во Охрид, еден повреден, седум автомобили оштетени

Едно лице било потешко повредено во експлозија што вчера во 22.24 часот се случила во стан на улицата Сатеска во Охрид, соопшти денеска полицијата. Како што информираат од СВР Охрид, од експлозијата, која најверојатно била предизвикана од плинска боца, дошло до пожар, кој бргу ја зафатил покуќнината и почнал да се шири низ собите. Сопственикот на станот со тешки повреди...

Возила го блокираа булеварот пред судот, продолжува протестот против обвиненијата на СЈО

Неколку десетици граѓани денеска со своите автомобили го блокираа булеварот Гоце Делчев пред Кривичниот суд во Скопје, во знак на протест против обвиненијата што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. До судот се поднесени и барања за одредување притвор на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, меѓу кои и за лидерот на партијата и поранешен премиер, Никола Груевски. Инаку,...

Скопјанец осомничен за серија кражби од возила во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против 30-годишниот Д.Д. од Скопје поради основан сомнеж дека извршил серија кражби во автомобили на туристички локации во Охрид. Полицијата го сомничи скопјанецот дека користејќи соодветен алат и физичка сила провалувал во автомобили, сопственост на македонски и на странски државјани, од кои одземал пари, лаптоп-компјутери, хард-дискови, видеокамери, облека, обувки, сувенири, спортска опрема,...

Град Скопје: Фонтаната е квалитетна, но не е за тешки товарни возила

Градот Скопје денеска преку соопштение реагира на информациите што се појавија во медиумите поради пропаѓањето камион во површинската фонтана на плоштадот Македонија, како и на обвинувањата дека станува збор за неквалитетна градба на оваа фонтана. „Сакаме да нагласиме дека површинската фонтана на плоштадот Македонија е градена според сите стандарди за изведба на ваков тип фонтани. Станува збор за површинска, таканаречена сува...

Тодоров ги довел во ризик и бебињата во возилата на итната помош, обвинува СДСМ

Набавените 69 возила на итната медицинска помош, до кои се сликаше Никола Тодоров, немаат приклучок за инкубатор за бебиња, па бебињата за кои е потребна итна интервенција се превезуваат со стари возила кои често се расипуваат, обвинија денеска од СДСМ. - Откако завршија два човечки животи во возило на итната медицинска помош, кое се расипа на патот од Крива Паланка...

Полицијата пронајде 42 килограми марихуана во Струга

При координирана акција на криминалистичката полиција од Струга и од Охрид, пронајдени се околу 42 килограми зелена тревкаста материја во патнички автомобил. Од СВР Охрид информираат дека акцијата била реализирана околу 22 часот, во близина на еден хотел на улицата Димче Ковачески во Струга. - Полициските инспектори заедно со полициски службеници од полициската станица во Струга, извршија запирање на патничко моторно возило...

Алтхаузер – Нухиу: Создавањето правна држава е главен столб за развој

Германската влада на Министерството за внатрешни работи на Македонија му донираше опрема за потребите на граничната полиција. Договорот за примопредавање на опремата денеска во МВР го потпишаа министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и амбасадорката на Германија во земјава, Кристине Алтхаузер. Станува збор за донација вредна 60.000 евра, а која се состои од четири возила од марката „дачија дастер“ за...

Снегот и силниот ветер го блокираа сообраќајот на автопатот Белград – Ниш

Поради снегот и силниот ветер во прекин е сообраќајот на автопатот Белград - Ниш, кај клучката Трупале, во околината на Ниш, а дел од возилата се пренасочуваат по стариот пат преку Алексинац, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Во прекин е и сообраќајот на патот Ниш - Југ, на излезот од Ниш, каде дојде до верижен судир на возила, во...

Блокирани патишта и отсечени села во источна Македонија поради големи снежни наноси

Со интервенција на полицијата повремено се пропуштаат возила од двете страни на патот Штип – Кочани, каде сообраќајот неколку часа беше во целосен прекин поради големите снежни наноси. Силниот ветер што дуваше цела ноќ, а продолжи и утрово, создаде наноси високи и до два метри кај селото Крупиште, поради што привремено беше затворен патот Штип – Кочани. На барање...

Од следната недела возење во ЈСП само со електронска картичка

Eлектронската наплата во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и приватните превозници ќе почне задолжително да се применува од следната недела. Првичната цена на електронска картичка ќе изнесува 150 денари. Покрај во возилата, картичките ќе може да се купат и во сите 26 билетарници на ЈСП, во инфо-центрите, како и во продавниците кои имаат склучено договор со ЈСП, информираат од...

МВР информираше за сообраќајката, но не и за пукањето и за бркотниците по Партизанска

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со информација за синоќешниот инцидент на булеварот Партизански одреди, во кој беше ранет скопјанецот Даниел Трајковски, но во неа, освен превртувањето на возилото и тоа дека Трајковски имал тешки повреди од огнено оружје, нема детали за пукањето и за бркотницата со автомобили. Според МВР, за случајот полицијата била информирана од Ургентниот центар, од каде...

Криминално-политичка престрелка и бркотница по Партизанска

Четириесет и шестгодишен скопјанец ноќеска, пред полноќ, е ранет во престрелка на булеварот Партизански одреди. Според првичните информации, станува збор за Даниел Т., кој веднаш по инцидентот е пренесен на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде бил опериран. На пукањето му претходела бркотница со автомобили, која започнала од бензинската на „Макпетрол“ на булеварот Илинден и продолжила на...

Тројца загинати во тешка сообраќајна несреќа кај Зајас

Три лица загинаа во тешка сообраќајка кај селото Зајас вечерва околу 19 часот. СВР Охрид потврди дека се работи за три помлади лица од околните села, пишува „Прес 24“. Според неофицијални информации, автомобил „форд“ удрил во трактор, кој возел неосветлен. АМСМ информираше дека сообраќајот на магистралниот пат Кичево - Скопје е во прекин, но потоа возилата се пропуштаа наизменично.

#Одговорност е брзата помош навистина да е брза

Бројот на повици и на интервенции во Итната медицинска помош во просек е околу 70 дневно, но има денови кога помош бараат и повеќе од 130 лица. Просечното време на пристигнување на екипата за брза помош по повик во Скопје е 38 минути. Ова не важи ако повикот е упатен во време на најголемиот метеж во текот на денот –...

Притворен полицаец осомничен за земање поткуп од стотина граѓани

Триесетдневен притвор му е одреден на полицаец кој пред два дена бил фатен како зема поткуп од возач за да не му напише казна за сторен сообраќаен прекршок. Полицаецот, како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, ноќта меѓу 15 и 16 октомври вршел рутинска контола на возила во Скопје и запрел автомобил поради три сообраќајни прекршоци. Тој на возачот...

Петнаесетина сообраќајни несреќи за викендот во Полошко

Тринаесетгодишен велосипедист од гостиварско Чегране во сообраќајна несреќа добил тешки телесни повреди. Сообраќајката се случила синоќа околу 20 часот, на крстосницата на локалните патишта за Чегране и за Форино. Според СВР Тетово, велосипедистот се судрил со автомобил „нисан“ со гостиварски таблички, управуван од 54-годишник од село Форино. Од удирањето малолетникот добил фрактура на левата подлактица и веднаш е префрлен во...

Непознато лице пукало во полициска екипа во селото Чифлик, Тетовско

Непознато лице синоќа пукало во полициска екипа во селото Чифлик, која дошла да изврши проверка по претходна пријава дека во селото има две сомнителни возила, информираат од МВР. Според полицијата, околу 23.30 часот, на влезот во селото биле паркирани две возила, едното „опел вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое имало едно непознато лице, а другото, марка „ауди а3“ со...

АМСМ предупредува на внимателно возење по скопската обиколница

Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува внимателно возење по скопската обиколница, бидејќи има оштетени делови на патот. По поплавите на 6 август кога ова подрачје беше најпогодено од невремето, скопската обиколница е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде што се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на...

Играта „Circus Electrique” е бесплатна на Epic Games до четврток

Играта Circus Electrique е бесплатна за преземање на Epic Games до четврток, 16 мај. Станува збор за инвентивна Turn Based игра со Steampunk тематика. Circus Electrique наликува многу на играта...