fbpx
Таг: возила

таг: возила

Ѓорчев: Налепниците на возилата се директен удар врз средната класа и сиромашните

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на прес-конференција денеска ги повика премиерот, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање и скопскиот градоначалник Петре веднаш да се откажат од планот за воведување еколошки категории за возилата, нарекувајќи го тој чекор „стигматизирање на сиромашните“. - ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов веднаш, веднаш уште...

Итната помош е со бавни амбулантни возила кои често се расипуваат

Поради доцнење и технички дефекти на амбулантните возила, Итната медицинска помош во Македонија е неефикасна, и наместо да нуди брза медицинска интервенција, во некои екстремни случаи и предизвикала губење на животи на граѓани, пишува „Порталб.мк“. Техничките доцнења се настанати како последица на не амортизираните возила, а пак условите за нивно одржување не се предвидени ниту со Законот за здравствена заштита,...

Продолжува сообраќајниот хаос во Тетово

Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, деновиве ги интензивира контролните активности за поголем ред со паркирањето во градот и законско санкционирање на непрописното паркираните возила. Сепак, граѓаните се жалат дека сообраќајниот хаос е секојдневна слика во Тетово, особено во попладневните часови. Велат, ниту зонското паркирање не ја регулира хаотичната ситуација во градот. Сликата за Тетово е таква веќе...

Посебен сообраќаен режим утре на улицата кај Општина Центар

Во организација на олдтајмер клуб „Класик АВЈ“ - Скопје, утре  во периодот од 09 до 17 часот, на улицата „Михаил Цоков“ (до Општината Центар) ќе се одржи меѓународна изложба на олдтајмери „Олдтајмер Ревија Скопје-Центар 2018“. Поради тоа, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, во близина на оваа сообраќајница додека...

Ѓоко Поповски осуден на 9 години затвор во случајот „Триста“ за набавка на возила во МВР

Кривичниот суд денеска го осуди поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски на 9 години затворска казна за случајот на СЈО „Триста“ за незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година. Според пресудата, Поповски треба и да ја надомести штетата од приближно половина милион евра и судските трошоци. Судијката Добрила Кацарска рече дека Поповски...

На 22 мај пресуда за набавката на полициските возила

Специјалното јавно обвинителство денеска побара осудителна пресуда и затвор за помошникот-министер во МВР за јавни набавки, Ѓоко Поповски во судењето за случајот „Триста“. Откако финишираа завршните зборови на обвинителството и на одбраната, судијката Добрила Кацарска го закажа соопштувањето на пресудата на 22 мај, јави Алсат-М. Според СЈО, на Поповски му се заканува казна затвор од 4 до 15 години за...

Забрана за камиони кон неколку гранични премини, снег врне на сите патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и на сите сообраќајни патни правци во државата врне снег, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На сите патни правци има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. Поради појава на магла, видливоста е намалена од 15 до 20 метри од Тетово кон Попова Шапка. Забрана за сообраќај на тешки моторни...

Такси-возач загина во верижен судир на булевар Србија

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска, околу еден часот по полноќ се случила на булеварот Србија во Скопје, а во која учествувале повеќе возила. Како што информираат од МВР, несреќата се случила кога автомобил, марка „ауди а4“, управувано од 28-годишниот Ѓ.Д. се судрил со возило „пежо 206“, а потоа преку тревникот преминало на...

Полицијата доби 45 нови „шкоди“, вредни еден милион евра – донација од Чешка

Амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Томан денеска на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му ја предаде донацијата од 45 возила од марката „шкода“, во вредност од околу еден милион евра. Спасовски истакна дека за време на мигрантската криза Чешка дала „извонреден придонес за зајакнување на капацитетите на македонската полиција“. - Нивната финансиска и материјално-техничка помош веќе надминува два милиони...

ЕУ на МВР му донираше возила и опрема вредни околу четири милиони евра

Македонската полиција денеска доби донација од Европската Унија во возила и опрема вредна околу четири милиони евра. Донацијата, со која треба да се подигнат капацитетите на граничната полиција, се состои од осум комбиња, осум патнички возила, осум четирицикли и пет специјални возила за надзор на границата со термални камери, од кои едно опремено со радар, потоа 100 рачни радио терминали...

Магла на Стража, свлечиште на патот Делчево – Македонска Каменица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост поради магла има во Крива Паланка и на Страцин до 50 метри и на Стража до 30 метри, информираат од Автомото-сојузот на Макеоднија. Поради обилните врнежи, на патниот правец Делчево – Македонска Каменица има свлечиште и сообраќајот се одвива отежнато. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и низ планински превои...

Пожарот во Пржино изгаснат, едено девојче пренесено на клиника

Вчера, околу 16.50 часот, во Скопје на улица Баница во Пржино, избувнал пожар во зграда, при што биле опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор, се вели во билтенот на МВР. Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено на Клиниката за токсикологија. Од Противпожарната бригада информираат дека пожарот бил локализиран и во неговото гаснење интервенирале 30 пожарникари...

Египетската војска гаѓала и уништила возила користени во нападот на Синај

Египетската војска денеска соопшти дека нејзини авиони извршиле напади во кои биле погодени повеќе возила користени во нападот во Северен Синај, во кој беа убиени 235 лица, јавуваат светските агенции. Војската соопштила дека возилата се уништени, а лицата кои биле во нив се убиени. Возилата, според соопштението, се наоѓале во близина на џамијата каде вчера беше извршен нападот, во градот Бир...

Судењето за „Триста“ повторно одложено, Поповски отворил боледување

Поради отсуство на обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, во Основниот суд Скопје 1 денеска повторно беше одложено рочиштето за предметот „Триста“ на СЈО, за набавката на 300 возила за МВР, со која буџетот бил оштетен за 453.570 евра. Рочиштето беше одложено откако одбраната на Поповски достави медицинска документација дека обвинетиот е на боледување и е спречен...

Опожарени три возила во Аеродром

Три возила изгореле синоќа на улицата 23 Октомври, поранешна Владимир Комаров, во скопската населба Аеродром, информираше денеска МВР. Оттаму велат дека засега не се познати причините за опожарувањето на возилата. Случајот бил пријавен околу 22 часот, а опожарени се „фолксваген шаран“, сопственост на 33-годишниот А.Б., „пежо 308“, сопственост на А.Н., и „форд фиеста“, сопственост на 76-годишниот А.Ј., сите со скопски регистарски...

Судењето за „Триста“ се одложи, обвинетиот Ѓоко Поповски бил болен

Почетокот на судењето за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство се одложи, бидејќи на денешното прво рочиште во судницата не беше присутен обвинетиот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски кој бил болен. Адвокатите на Поповски до судот доставија медицинска документација со која на Поповски му се препорачува да мирува, но, не и дека е на боледување. Адвокатката, Сања Алексиќ рече дека...

Од утре задолжително носење зимска опрема во возилата

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата стапува на сила утре и ќе трае до 15 март 2018 година. Доколку возилото во сообраќај не ја поседува пропишаната опрема, возачот може да добие казна од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни поени во возачката книшка. За моторните возила до 3.500 килограми задолжителна опрема се зимски гуми на...

Шест лица повредени во сообраќајка на патот Маврови Анови – Дебар

Шест лица се повредени, од кои четири деца, во сообраќајна несреќа што денеска попладне се случила на патот Маврови Анови - Дебар. Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот, кога возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 46-годишниот Ј.Џ. од Голема Речица се судрило со товарно возило „ман“, што го управувал 43-годишниот...

Граничната полиција доби квадроцикли за тешко пристапни терени од САД

Амбасадата на САД во земјава денеска на Министерството за внатрешни работи му ја предаде донацијата наменета за потребите на одделот за гранични работи. Покрај техничката опрема наменета за контрола на товари и возила, владата на САД донираше и пет теренски квадроцикли, кои за прв пат ќе бидат во составот на граничната полиција за контрола и надзор на тешко пристапни терени...

Изменет сообраќаен режим поради натпреварот помеѓу „Вардар“ и „Фенербахче“

СВР-Скопје денеска воспостави посебен сообраќаен режим на движење на возила и на пешаци кон Градски стадион, поради вечерашниот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Вардар“ и „Фенербахче“, кој ќе почне во 20 часот. „Идентично на мерките од неодамна одржаниот Суперкуп на УЕФА, се пропуштаат само возила и лица кои имаат посебни акредитации за движење кон стадионот и кон објектите лоцирани во непосредната околина на Градски...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...