fbpx
Таг: возила

таг: возила

Oсум комбија ќе се пренаменуваат во возила за Итна помош, 12 нови возила ќе стасаат во април

Службите за итна медицинска помош до крајот на месецот ќе ги добијат новите 12 амбулантни возила, кои Министерството за здравство ги набави лани, а дополнително ќе бидат пренаменети уште осум комбија во возила за Итна помош, рече министерот за здравство Венко Филипче, на почетокот на дводневната едукативна обука за Итна медицинска помош и менаџирање на ресурси, пренесува „Порталб“. Комбијата ќе...

Се возиме во полнолетни автобуси – просечната старост им е над 18 години

Автобусите и минибусите во кои возат нашите граѓани во земјава и во странство се со просечната старост од 18, 1 година, покажуваат статистиките од Државниот завод за статистика за 2017 година, последната година за која може да се пронајдат официјални податоци. Истовремено, бројката на регистрирани автобуси и минибуси била 3.200. Овие бројки многу малку се менуваат во последните 10 години, односно...

Еколошките налепници за старите возила заглавија поради уставните измени (видео)

Поради целата постапка со донесувањето на уставните измени во Собранието, во заден план беше турнат Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за возила, кој предвидува неколку промени, меѓу кои и еколошка категоризација на возилата. Од Министерството за економија, предлагачот на законот за „Мета“ одговорија дека се очекува наскоро повторно да влезе во собраниска процедура, односно да продолжи пленарната седница...

Анализа: 70 проценти од возилата на Противпожарните единици се од минатиот век

Противпожарните единици располагаат со само 220 возила, притоа, овде спаѓаат не само цистерните и возилата за гасење пожар, туку и сите други возила на противпожарните екипи, откива базата на податоци за возилата на сите 30 територијални противпожарни единици во земјава, изработена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Просечната старост на овие возила е 27 години и дури 154 од 220 возила (70...

Во пет пункта две години нема ниту едно амбулантно возило

Итната медицинска помош (ИМП) во Македонија е служба која функционира во рамки на здравствените домови, а буџетот им се префрла од Фондот за здравствено осигурување, зависно од медицинските екипи. За една медицинска екипа, годишниот буџет достигнува вредност од 170.000 денари, што се користи за бруто плати на медицинската екипа - лекар, медицинска сестри и возач на амбулантното возило, како...

„О2“: Да се испита колку воздухот во Скопје го загадува индустријата

Потребно е во Скопје да се направат испитувања и за загадувањето на амбиентниот воздух од индустриските капацитети, а не само на загадувањето кое доаѓа од загревањето на домаќинствата и од сообраќајот, велат од иницијативата „О2“ во врска со аерозагадувањето. Во програмата за 2019 година на Град Скопје за активности од доменот на заштитата на животната средина се издвоени 5 милиони...

Медицинските сестри немаат сигурно работно место дури ни во Итна помош

Освен физички напади, персоналот на службата за Итна медицинска помош во Македонија се соочува и со уцени, со проблемот на недостиг на униформи и имаат низок бенефициран стаж. Сите овие случаи, според една медицинска сестра вработена во Здравствен дом - Скопје, чиј идентитет е познат на редакцијата на „Порталб“, се резултат на незадоволство на граѓаните спрема службата од една...

Поради снежните врнежи, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови, југозападните и источните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка...

Лекарската комора без став за моделот на приватизација на Итната помош

Една од најстарите организации и претставник на лекарската фела во Македонија, Лекарската комора нема став за тоа дали е подобро да се приватизира Итната медицински помош, пренесува „Порталб.мк“. „Прво не знаеме дали ќе се приватизира, затоа и немаме став за ова прашање. Треба да видиме кој ќе ја изврши физибилити студијата, затоа и не се знае дали ќе се приватизира. Откако Министерството...

Новите возила на Итната помош не се во употреба, се најавуваат нови вработувања

Дванаесетте нови амбулантни возила се уште не се примени од Министерството за здравство, и не се во употреба, а во меѓувреме министерот Венко Филипче најави и вработувања на стручен кадар во службата за Итна медицинска помош, пренесува „Порталб.мк“. „Тие возила ќе дојдат. Очекуваме и донации од Република Чешка. Постои финансиска согласност за прием на лекари и медицински сестри кои ќе...

Старите возила загадуваат „со петта брзина“, власта мора итно да крене рачна (видео)

video
Користените возила донесени од странство од либерализацијата на нивниот увоз во март 2010 година ја преплавија Македонија, драстично го зголемија вкупниот број возила, а поради тоа што главно се увезуваа дизел автомобили, од пет наспрема еден претходно во корист на бензинските мотори, сега ситуацијата кај автомобилите е донесена во сооднос еден спрема еден. Тоа носи бројни ризици за состојбата...

Филипче бега од одговор за критериумите за бројот на амбулантни возила

Министерот за здравство Венко Филипче, по прес-конференцијата што се одржа во Министерството за здравство, одлучи да го избегне одговорот на прашањето на „Порталб.мк“ „зошто при набавката на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош користел критериум што не постои и дали ќе се откаже од изјавата“. На прашањето „дали за набавката на 12 амбулантни возила се засновале на критериум што не постои“,...

За набавка на амбулантните возила, Филипче се повикува на стандард кој не постои

Набавката на 12 амбулантни возила за Итната медицинска помош, и дистрибуција на шест од нив само во Скопје, е врз основа на критериумот дека „за 50 илјади жители треба да има едно амбулантно возило“. За овој критериум, Министерството за здравство и медиумите се повикуваат на Светската здравствена организација (СЗО), но никој не го објави документот од каде е изваден тој...

Граѓаните да пријават дотур на стока во центарот на Скопје од 7.30 до 18 часот

Градот Скопје упати апел до стопанските субјекти да ја почитуваат одлуката на Советот за запирање на возилата за доставување на стока во централното градско подрачје во периодот од 7.30 до 18 часот. - Се надеваме дека апелот ќе вроди со плод, но подготвени сме да казнуваме доколку се крши одлуката на Градот - вели Мирослав Богдановски, директор на Инспекторатот на...

Граѓаните во Тетово бараат повеќе контејнери за отпадоци

Имајќи предвид дека отпадоците во контејнери не се селектираат и распоредот на нивното собирање не е задоволителен, граѓаните од Тетово бараат од властите да распоредат повеќе контејнери за отпадоци, за да се спречи нивната пренатрупаност и со тоа одржувањето на чистотата во градот ќе биде поефикасна, пренесува „Порталб.мк“. Во повеќето случаи, контејнерите се полни, а граѓаните се жалат дека немаат место каде да...

Давање еколошки налепници без мерење е промашена мерка, реагираат екологистите

Техничките служби, во јавноста познати како служби за хомологација, ќе ги доделуваат еколошките налепници за возилата врз основа на документите и годината на производство, а не со мерење на издувните гасови, велат од Министерството за економија. Ова е одговор на прашањето на „Мета“ како ќе изгледа самата постапка за еколошка категоризација, за која има многу нејаснотии, бидејќи предлог-законот што ја...

Димитровски: Дизелите и неодржувањето се главни виновници за загадувањето од возилата

Иако транспортот не е доминантен загадувач на воздухот со цврсти честички, фактот што е значително пораснат процентот на автомобили со дизел мотори во земјава не треба да се пренебрегне, предупредува д-р Даме Димитровски, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје и раководител на факултетската лабораторија за мотори со внатрешно согорување. Дополнително, вели тој, мора да се земе предвид амортизацијата...

Скопје има само 13 возила на Итна помош, а Кочани, со 38.000 жители – десет (инфографик)

Министерството за здравство обезбеди 12 возила за Итна медицинска помош, при што, шест од нив ќе бидат распределени во Скопје, а за другите шест не се знае во кои градови. Ниту деловникот за работа на Итната помош, ниту пак Министерството за здравство ги имаат дефинирано критериумите според кои се распределуваат возилата низ градовите. Од друга страна, постои значајна разлика во...

Од денеска задолжително е носењето зимска опрема за возилата

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата стапи на сила денеска и ќе трае до 15 март 2019 година. Доколку возилото во сообраќај не ја поседува пропишаната опрема, возачот може да добие казна од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни поени во возачката книшка. За моторните возила со тежина до 3.500 килограми, задолжителна опрема се зимски...

ЛП: Налепниците нема да го решат проблемот со загадувањето

Либералната партија (ЛП) смета дека со воведувањето на црвена, жолта и зелена еколошка налепница за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето. „Ќе се удри по најсиромашниот слој граѓани кои својата последна заштеда ја искористиле за купување на сопствено возило, кое во 21 век претставува потреба, а не луксуз. Загадувањето прикажано на мерните станици покажува најголеми бројки на загадување...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...