Бројот на повици и на интервенции во Итната медицинска помош во просек е околу 70 дневно, но има денови кога помош бараат и повеќе од 130 лица.

Просечното време на пристигнување на екипата за брза помош по повик во Скопје е 38 минути. Ова не важи ако повикот е упатен во време на најголемиот метеж во текот на денот – на крајот на работното време, кога на возилото за итна помош му треба многу повеќе време за да стигне од еден до друг крај на градот.

Во таа смисла, илустративен е случајот кога возило на Брза помош што во Кардиолошкиот завод „Свети Стефан“ превезувало итен случај (човек со инфаркт) околу 20 минути стоело заглавено во сообраќајниот метеж кај плажата Свети Стефан во Охрид. Пациентот, за среќа, преживеал, но возилата стоеле заглавени на улицата пред неколкуте хотели во овој дел на крајбрежјето.

Граѓаните што ја гледале драмата постојано се јавувале во полиција и барале интервенција, но ниту полициското возило не можело да се пробие.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, уште во 2014 година по информациите дека возило на Итна помош доцнело при сообраќајка кај Удово, рече дека ќе се преземат мерки „доколку се утврди дека итната медицинска помош ненавремено реагирала“.

Поминаа повеќе од две години, а граѓаните сè уште чекаат #одговорност.