fbpx
Таг: воз

таг: воз

Воз со 142 патници излета од шините во Канзас

Воз со 142 патника излета од шините во американската сојузна држава Канзас, при што повеќемина се повредени, соопшти локалната полиција. Во соопштението на железничката компанија „Амтрак“ се наведува дека нешто после полноќ, по локално време, во близина на Доџ Сити во Канзас излетале неколку вагони на линијата Лос Анџелес-Чикаго, пренесува „Си-Би-Ес“. Во возот, во моментот на несреќата имало 128 патници...

Пристигна третиот кинески воз

Третиот кинески воз пристигна денеска во Македонија. Директорот на МЖ „Транспорт“, Никола Костов, рече дека тој ќе биде пуштен во употреба откако ќе му бидат направени сите техничко-безбедносни контроли. До крајот на првата половина од оваа година во Македонија треба да пристигнат и другите три патнички возови. Четири ќе бидат на дизел-гориво, а два со електромотор. Првиот патнички воз кој пристигна...

СДСМ: Новиот воз не се употребува веќе три месеци, поради лошата состојба на пругите

„Речиси три месеци не е во употреба новиот воз што го промовираше Никола Груевски. Возот има проблем да се движи по железничките пруги, кои се во катастрофална состојба. На ова предупредивме кога Груевски влезе да се слика во возот, ветувајќи чуда“, вели Благој Бочварски, претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ. - За цела деценија мандат, Никога Груевски не...

Пругата Велес – Битола е проодна, одронот од карпи е расчистен

Одронот од карпи меѓу железничките станици Чашка и Богомила целосно е расчистен, а со тоа и пругата Велес - Битола е проодна, соопштија од „Македонски железници“. Како што информираат од компанијата, биле расчистени повеќе од 3.000 кубни метри камења и вечерва во 20 часот ќе се воспостави железничкиот сообраќај од Велес до Битола.  

Товарен воз на релација Гевгелија – Скопје излета од шини

Товарен воз, кој се движел на релација Гевгелија - Скопје, во 8.31 часот, при влез во станицата во Демир Капија, излизнал во свртница, при што ја оштетил, како и дел од колосеците, сигналите и вагонoт, информираат од „Македонски железници - Инфраструктура“. На терен е излезена комисија за увид и за расчистување на настанот, при што ќе се утврдат причините поради кои се...

Воз излета од шините кај Демир Капија

Kај Демир Капија, утрово, во 8.20 часот, воз излета од шините. Нема повредени и причиниета е мала материјална штета. Вртејќи кај скретницата, возот излетал од шините и во моментов екипи од МЖ и од други институции вршат увид за да ги утврдат причините за незгодата. Во прекин е железничкиот сообраќај.

Новиот електромоторен воз тргна за Велес

Премиерот Никола Груевски денеска свечено го пушти во употреба првиот нов електромоторен воз на „Македонски железници“, набавен од Кина. По промоцијата на скопската Железничка станица, возот се упати кон Велес, а во него се возеа премиерот Груевски, владини министри и медиумски екипи. - Денеска е историски ден за македонскиот железнички транспорт. Помината е цела една историја во која никој не се погрижил...

Словенија го пушти возот со 150 бегалци

Словенечката полиција ги пушти 150-те бегалци што со воз од Хрватска дојдоа до границата за да влезат во земјата. Трите вагони со бегалци вчера беа исклучени од композицијата, а полицијата претходно соопшти дека ќе ги врати бегалците во Хрватска. Возот со околу 150 мигранти што словенечките власти го запреа вчера во Добова, на границата со Хрватска, сепак влезе во Словенија иако бегалците ги...

Австрија: Со воз од Будимпешта во Виена пристигнале 3.650 бегалци

Во Виена вчера со воз пристигнаа 3.650 бегалци од Будимпешта, соопшти денеска австриската полиција. Тоа е рекорден број мигранти кои стигнале во Виена во еден ден. Унгарските власти им дозволиле на бегалците да влезат во возот за Виена, иако многу од нив немале визи. Портпаролот на австриската полиција, Патрик Мајерхофер, рече дека властите во Австрија ги евидентираат доколку има поднесувачи на барање за...

Австрија ја „отвори вратата“, бегалците пристигнаа во Виена

Неколку стотици бегалци со повеќе возови пристигнаа од Будимпешта во Виена, соопшти австриската полиција. По пристигнувањето на виенската станица Вестбанхоф, голем дел од бегалците се прекачиле во друг воз и се упатиле кон Салцбург, а друга група заминала за Минхен. Целиот процес бил надгледуван од полицијата. Австриската железница претходно соопшти дека еден воз бил задржан на граница затоа што бил преполн,...

Во Прага запрен железничкиот сообраќај поради дојава за бомба

Во Прага е запрен сообраќајот и евакуирана е железничката станица поради дојава за бомба во возот кој требал да тргне од Прага за Пардубице. Сепак пиротехничарите на крајот не пронашле експлозив. Полицијата прво го евакуирала само перонот на кој стоел возот за Пардубице, но изненадно наредила да се запре целиот сообраќај, а станицата да се евакуира. - Возовите прво нормално доаѓаа и...

Возот со 400 мигранти тргна кон Табановце

Воз со околу 400 мигранти во 17 часот замина од железничката станица во Гевгелија кон граничниот премин Табановце. Како што јавува нашиот репортер, немало никакви проблеми, ниту пак инциденти при качувањето во возот. Пред да пристигне возот, кордон од припадници на специјалната полициска единица се наредиле пред мигрантите и во групи од по десет луѓе ги пуштале да се качуваат во...

Мигрант тешко повреден во железничка незгода кај Куманово

Мигрант, чиј идентитет засега е непознат, бил тешко повреден во железничка незгода, што денеска претпладне се случила во кумановската населба Карпош. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила околу 10.30 часот, кога товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце - Куманово, удрил во непознато лице, „најверојатно илегален мигрант кој во критична состојба е префрлен во Медицинскиот центар...

Судар на возови во Унгарија, 19 лица повредени

Два воза се судриле во унгарскиот град Галгагута, 50 километри североисточно од Будимпешта, при што се повредени 19 луѓе, соопшти унгарската полиција. Портпаролот на унгарската железница, Имре Кавалец, за националната новинска агенција „МТИ“ изјавил дека од 19 повредени, двајца се во тешка состојба. Во возовите, кои во моментот на несреќта се движеле со брзина од 20 километри на саат, се наоѓале...

Каменуван воз и повреден патник

На влезот на Железничка станица Скопје, во непосредна близина на зградите на улица Михаил Чаков, од паркот пред зградите, од страна на непознато лице е извршено каменување на патничкиот воз бр.644, кој сообраќа на релација Битола - Скопје со моторна гарнитура број В 716-107, сопственост на „Македонски железници“. Од каменувањето е скршено едно неподвижно стакло од наведената гарнитура, при што е...

Пронајдено оружје на покрив на воз во Ниш

Полицијата во Ниш пронашла оружје и муниција во бугарски патнички воз што сообраќал на релацијата Софија - Ниш - Белград. Полицијата синоќа ги пронашла пиштолите, револверот и муницијата на покрив на вагон, спакувани во фолија, а се сомнева дека биле наменети за продажба на домашниот пазар, соопшти српското МВР. Пронајдени се 19 гасни пиштоли, гасен револвер и 4.500 куршими калибар девет милиметри.

Промоција на новиот воз во Кина: Македонија е земја благословена од сонцето

„Македонија, земја благословена од сонцето. Од оваа земја Александар Македонски почна дотогаш невидена кампања. Изгради империја која се протегаше во Европа, Азија и во Африка. Сонцето на слободата секојдневно е сведок на промените во оваа земја“, објави порталот „Фокс“. Вака почнува промотивниот видеозапис кој вчера беше промовиран заедно со електромоторна патничка гарнитура во фабриката на компанијата ЦРРЦ во градот...

Воз удри пешак во Скопје

Вчера, во 8.10 часот во Скопје, се случила железничка незгода на железничкиот надвозник над булевар Србија, во која патнички воз, кој сообраќал на релација Велес - Скопје, удрил во пешакот Саќип И. (58) од село Батинци, Скопско, при што од здобиените повреди истиот починал на местото на настанот. Извршен е увид и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е...

Најбрзиот воз во Европа почна да сообраќа во Италија

Новиот италијански воз „Фречароса 1000“, кој може да се пофали дека е најбрзиот воз во Европа, почна редовно да сообраќа на линијата помеѓу Милано, Рим и Наполи. Засега достигнува редовна максимална брзина од 300 километри на час, до декември би требало да вози со 360 километри на час, а теоретски може да достигне и 400 километри на час. „Фречароса 1000“ почна...

Воз прегази човек на излез од Маџари

Утринава, околу 8 часот, во Скопје, на излез од Маџари кон Трубарево, во непосредна близина на надвозникот се случила железничка несреќа. Товарен воз кој сообраќал на релација Табановце - Трубарево, удрил во Константин Ж. (79), кој напасувал добиток покрај пругата. Од повредите, Константин Ж. починал на местото на настанот. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно...