Утринава, околу 8 часот, во Скопје, на излез од Маџари кон Трубарево, во непосредна близина на надвозникот се случила железничка несреќа.

Товарен воз кој сообраќал на релација Табановце – Трубарево, удрил во Константин Ж. (79), кој напасувал добиток покрај пругата. Од повредите, Константин Ж. починал на местото на настанот.

Извршен е увид во присуство на јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.