fbpx
Таг: високо образование

таг: високо образование

„Студенски пленум“: Власта го уништува високото образование, а опозицијата молчи

„Студентскиот пленум“ соопшти дека силно се спротиставува на формирањето на уште еден, нов државен универзитет во земјава, кој, според пленумци, уште еднаш ги расветлува намерите на власта „за систематско уништување на високото образование и за негово претворање во алатка што власта ќе ја користи во сопствена полза“. Од „Студентски пленум“ ја прашуваат власта дали на ваквиот чекор му претходела каква било анализа...

Горазд Росоклија е новиот претседател на Одборот за акредитација на високото образование

Академикот Горазд Росоклија е новиот претседател на Одборот за акредитација и за евалуација на високото образование, кој е надлежен за оценување на квалитетот на високото образование во Македонија. Од 23 членови на Одборот, девет се од редот на професорите избрани од Интеруниверзитетската конференција, двајца членови се од Македонската академија на науките и на уметностите, еден е претставник на најрепрезентативното тело...

Студентите в среда ќе го прогласат универзитетот за автономна зона

Одложувањето на примената на членовите од законот беше само прв чекор кон она што го бараме, нов закон со кој системски ќе го ревидираме концептот на високо образование, пишува на настанот кој го креираше „Студентски пленум“ на социјалната мрежа „Фејсбук“. - Ветувања чувме, но немаме намера да седиме дома и да се надеваме дека кармата ќе го стори останатото. До...

МОН иницира средба со УКИМ на 10 февруари

Министерството за образование и наука го прифати предлогот на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за сеопфатна, стручна и за темелна анализа, од која ќе произлезат предлози за реформи и за подобрувања во високото образование. Од МОН предлагаат средбата со претставници на УКИМ да се одржи на 10 февруари. „Имајќи предвид дека предлогот од наша страна беше оценет како...

СДСМ: Владата е исплашена и затоа носи избрзани образовни измени

Владата на Никола Груевски се исплаши од громогласното „не“ за т.н државен испит и затоа одлучија да го промовираат во недела, завтикан во куп избрзани образовни измени, за коишто, за некој месец ќе треба некој нов државен испит, стои во писмената реакција на СДСМ на денешната прес-конференција на министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро...

Груевски: Екстерно тестирање нема да има, се разгледува воведување државен испит

Екстерно тестирање во високото образование не се планира и нема да има, туку она што се разгледува е воведување државен испит, рече премиерот Никола Груевски во вчерашното интервју за дневникот на телевизија „Сител“. Како што појасни премиерот , државниот испит има цел да го унапреди квалитетот на високото образование и да се стави крај на давањето дипломи без студентот да...

Лутовски: Проблемите на студентите се многу, но екстерното ја прелеа чашата

„Екстерното тестирање, за жал, не е единствениот проблем на студентите и ние немаме некоја култура на протестирање. Но, ете, екстерното тестирање беше некоја точка на вриење за некоја плодна студентска мобилизација“, вели Дејан Лутовски од студентската неформална организација „Студентски пленум“ во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Според Лутовски, воопшто не значи дека доколку се заврши целиот проблем со екстерното...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...