fbpx
Таг: високо образование

таг: високо образование

Во Словенија студираат речиси 1.500 македонски студенти, како да се вратaт назад?

Како да се најде перспектива и мотивација македонските студенти што студираат во Словенија да се вратат во Северна Македонија, беше целта на денешниот настан и двете панел-дискусии, во организација на Амбасадата на Република Словенија во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана. Учесниците на панел-дискусијата „Враќање и задржување...

УКИМ рангиран на 657 место на листата на „SCImago“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 657 место меѓу 4.364 универзитети на „SCImago Institution Rankings“ листата за 2022 година, објавена на почетокот на годинава. Оваа позиција УКИМ ја дели заедно со уште 19 други универзитети од светот. Ранг-листата ги класифицира академските институции кои се занимаваат со истражување, рангирани според индикатор кој комбинира анализи на резултати од истражувањата,...

HАКС бара Министерството за образование редовно да ги исплатува платите на државните универзитети

Во изминатиот временски период стана зачестена пракса платите на вработените на јавните универзитети да се исплатуваат со задоцнување, надвор од законски предвидените 15 дена по изминување на исплатниот период, реагираат денеска во писмено соопштение членовите на Независниот академски синдикат (НАКС). Со тоа, велат, се загрозува правната сигурност на вработените на јавните универзитети и се прекршуваат одредбите од чл.109 од...

Ретроспектива: Студентскиот стандард и високото образование во 2022 година

Преку гласни реакции на неправдите, преговори со државата и краткотрајни протести, македонските студенти годинава успеаја да го одбранат она што им следува и што некој сакаше да им го одземе и да го заштитат од дополнително пропаѓање кревкиот студентски стандард погоден од економската криза. Високото образование 2022 година ја завршува со најави за подготовка на нов закон кој треба...

Контраспин: Платите се ниски, а проблемот не е до (авто) реорганизацијата на УКИМ

Огромни промени одамна се потребни севкупно во високото образование. Дури и пред времињата кога владите предводени од експремиерот Никола Груевски започнаа со експериментирањето со високото образование, кога се отвораа факултети ширум државата без услови за изведување настава и без потребен број професорски кадар. Затоа, покачувањата на платите, досега и во иднина, малку ќе решат, исто како што нема да...

МОН со повик до студентите да учествуваат во екстерната евалуација на универзитетите во земјава

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека со Агенцијата за квалитет во високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Република Северна Македонија. За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересираните студенти за учество во оваа постапка. Условите кои треба да ги исполнува секој апликант вклучуваат – студентот да е...

Само две жени во земјава ја извршувале функцијата ректор на државните универзитети

УКИМ
Разочарувачки се податоците од истражувањето на Порталб.мк за застапеноста на жените ректори на државните универзитети во Северна Македонија. Имено, од вкупно 53 ректори на јавните универзитети, само две биле жени. Невладините и експертите алармираат, а државните органи се правдаат. Во земјава само универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) имале жена за ректор. Радмила Кипријанова во...

АНКЕТА: Универзитетски професори условуваат студенти со книги, студентите не пријавуваат

Повеќе од 30 отсто од студентите досега се соочиле со условувања од страна на нивните професори да купат книги и учебници за да добијат потпис за редовност или можност за полагање на испит, покажа анкетата што за „Мета.мк“ ја спроведе Инстаграм профилот „Студентарија“. Случајот со професорката на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, која студентите ја обвинија...

Во земјава студираат вкупно 51.510 студенти, речиси 60 отсто се жени [инфографик]

ФИНКИ
Вкупно 51.510 студенти се запишале на високите стручни школи и факултетите во Република Северна Македонија во академската 2021/2022 година, што претставува зголемување за 1,2 отсто во однос на академската 2020/2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Меѓу запишаните студенти преовладуваат жените, па бројот на запишани студентки изнесува 29.823, односно речиси 58 отсто од вкупниот број запишани студенти. И годинава...

Синдикалците од УКИМ бараат средба во Владата за да договорат повисоки плати

УКИМ
Претставниците на Сојузот на синдикати на најстариот универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, бараат средба со владини претставници, за да се обезбеди како што велат, достоинствена плата за вработените на универзитетот. Во соопштение потпишано од претседателот на Сојузот, проф. д-р Ангел Ристов, стои дека синдикалците се надеваат дека Владата ќе покаже разбирање како и за другите дејности во...

Вработени на УКИМ нa мирен протест побараа повисоки плати

УКИМ
Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска пред Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одржа мирен протест изразувајќи незадоволство од, како што велат, влошената материјална положба на вработените. Претседателот на Сојузот на синдикати, проф. д-р Ангел Ристов кажа дека никогаш во историјата на УКИМ состојбата на вработените на Универзитетот не била како денес. „Бевме трпеливи и имавме...

Нов пад на УКИМ на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот

Економски факултет УКИМ
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) се најде на 1.964-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2022/23 година, што секоја година ја издава Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). УКИМ забележа пад од дваесет места во однос на минатата година, кога се најде на 1.944-то место и пад од 47 места во споредба со...

Тркалезна маса за дигитализација на високото образование: скап процес, а скромен буџет

Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска организираше тркалезна маса на тема „Дигитализација на високото образование – предизвици и можности“ каде беа презентирани клучните наоди и препораки од истоимениот документ за јавна политика, а беше презентирана и дигиталната алатка развиена од студентки за време на студентскиот хакатон. Документот за јавни политики на МОФ е изработен во рамки на проектот „Студентска акција за...

МОФ утре ќе го презентира документот „Дигитализација во високото образование“

Младинскиот образовен форум (МОФ) утре со почеток во 12 часот ќе одржи тркалезна маса на тема „Дигитализација во високото образование – можности и предизвици“. На настанот ќе се презентира документот за јавни политики, како и дигиталната алатка на победничкиот тим на хакатонот што се одржа во рамките на проектот. Покрај презентацијата на документот и дигиталната алатка, ќе се одржи и...

Студентски хакатон за изработка на предлози и идеи за дигитализација на услугите во високото образование

Младинскиот образовен форум (МОФ) организира студентски хакатон за изработување решенија, предлози и идеи кои ќе придонесат кон дигитализација на услугите во рамки на високото образование. Хакатонот ќе се одржи од 25 до 27 февруари, а како што соопштија од МОФ, предност ќе се даде на студенти што студираат на факултети од областа на техничките и информатичките науки. Учеството на дипломирани...

Образованието во РСМ наместо напредок бележи назадување, забелешки има и од ЕУ

Северна Македонија има постигнато ограничен напредок во областа на образованието, земјата ги нема спроведено повеќето препораки на Европската комисија до 2020 година. Додека од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека иницирале многу реформи, експертите предупредуваат дека образованието кај нас е запоставено многу. Потребни се итни реформи во основното образование, треба многу да се работи на условите во...

Авганистан ги отвори универзитетите, жените ќе смеат да одат на факултет

Во средата на 2-ри февруари, за прв пат по преземањето на власта во Авганистан од страна на Талибанците и по шестмесечниот период на запирање на целиот едукативен систем во земјата, се отворија вратите на универзитетите и за машките и за женските студенти. Талибанските власти сеуште немаат официјална одлука за тоа на кој начин ќе се одвива наставата, но според она...

ДЕБАТА: Проблемот со корупцијата во високото образование потекнува од недостатокот на истражувања за неа

Денеска се одржа првата од серијата онлајн тематски дебати за подигање на свеста за важноста од етичко однесување и за достапните алатки за спречување и пријавување на корупција на тема „Интегритет во високото образование - Поттикнување на борбата против корупцијата“ организирана од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Дебатата беше модерирана од страна на Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, а...

Вистиномер: Стоилковски со право укажува на прекршување на Законот за високо образование

Изјавата на портпаролот Стоилковски е поткрепена со посочување на конкретен член од Законот за високо образование, во кое се наведува неспојливоста на функцијата декан со политичка функција, заради што неговото изнесено тврдење го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес конференција, поврзана со изборот на новите партиски тела на СДСМ,...

Субвенциониран оброк и покачени стипендии за студентите, незадоволен академски кадар на факултетите – високото образование во 2021

Студентски дом Гоце Делчев
Во годината што измина, и која повторно ја одбележа ковид-кризата, беа донесени неколку нови мерки за финансиска поддршка и помош на студентите. Исплатата на средствата наиде на неколку проблеми, исто како и дигитализацијата на процесот на аплицирање. Студентите во 2021 година добија покачени стипендии и субвенции за здрави оброци, а побараа неколку нови мерки и поддршка од низа институции. Академскиот...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...