fbpx
Таг: Венко Филипче

таг: Венко Филипче

Филипче: Доаѓаат 20 туристи од Сингапур и Јапонија, сите ќе бидат прегледани

Се очекува утре да дојдат 20 туристи од Сингапур и од Јапонија, па епидемиолози од Институтот за јавно здравје ќе ги пречекаат и прегледаат, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече и дека засега нема забрана за локални настани, прашан што со најавите за помасовни собири на политичките партии што треба да се случат во наредниве...

Двајца странски државјани во Скопје со симптоми на корона

Две лица, странски државјани, едното од Австралија и другото од Сингапур, сместени во хотел во Скопје, ги информирале здравствените власти во земјава дека веќе три дена имаат симптоми на настинка. Во процедура е утврдувањето дали станува збор за корона вирус или не, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. - Епидемиолози веќе разговараат со нив, земени им се...

Тестиран уште еден сомнителен за корона вирусот – резултатот е негативен

Министерството за здравство соопшти дека вчера попладнето биле тестиран уште еден пациент за кој имало сомнение дека е заразен со новиот корона вирус Covid-19, но резултатите од испитувањето се негативни, односно пациентот не бил заразен со овој вирус. Тестирањето е направено на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Со ова, случајот на заразени со овој вирус во земјава...

Патниците кои патуваат со „Виз ер“ од Северна Италија, ќе оставаат податоци за полесно лоцирање

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција информираше дека нема нови заболени од корона вирусот, а пациентката која се лекува е во добра здравствена состојба. Имајќи го предвид зголемување на бројот на заболени во Европа, истакна дека се заоструваат мерките за превенција. „Бидејќи бројот на заболени во Европа е сè поголем, согласно поригорозните мерки на италијанските власти за северниот регион...

Спасовски и Филипче на Табановце: Комплетно се почитуваат препораките за справување со корона вирусот

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот за здравство, Арменд Арслани, денеска го посетија граничниот премин „Табановце“, со цел проверка на системот за превенција од корона вирус на граничниот премин. Спасовски посочи дека се почитуваат сите насоки дадени од Кризниот штаб за контрола на секој патник којшто влегува на територијата на државата. „Денеска сме...

Филипче: Двајца лекари што биле во Мадрид се тестираат од корона вирус

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека нема нови случаи на заразени граѓани од корона вирусот (ковид-19) во нашата земја. Тој информираше дека двајца лекари од земјава кои биле на конгрес во Мадрид ќе бидат тестирани и ставени во изолација во период од 14 дена, бидејќи еден од предавачите на настанот веќе е потврдено од Светската здравствена организација дека...

Возачот на комбето од Италија сигнализирал дека има симптоми на корона вирус

Возачот на комбето кој превезувал патници, а во кое беше пациентката со корона вирус, денеска сигнализирал дека има кашлица и болки во градите, по што е спроведен е во соба за изолација во Струмица, информира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. - Земени се материјали за анализа и тие во следните часови ќе бидат изработени. Тој уште првично е...

Се чекаат резултати за уште еден сомнителен случај, ќе се забранат јавните собири

Струмичанец, кој на 22 февруари дошол од Италија, се јавил денеска со симптоми на покачена телесна температура. Земени се материјали, резултатите ќе бидат готови во текот на денот, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. - Кога пристигнал пациентот немал симптоми, сега му се јавиле симптомите по што се јавил на еден од телефоните. Зависно од резултатите на тестот ќе...

Прв случај на корона вирус во земјава, властите тврдат дека се подготвени и дека нема место за паника

Педесетгодишна скопјанка е првиот регистриран случај на заболен пациент со корона вирус во земјава, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој уверува дека нема простор за паника кај населението. Заболената еден месец престојувала во Италија. - Пациентката е сместена на Клиниката за инфективни болести во Скопје, во оддел за изолација, се третира соодветно на нејзината состојба. Епидемиолошките анализи укажале на...

Филипче ќе купува сапуни за училиштата, градинките и за јавните тоалети

Министерството за здравство треба итно да набави соодветно количество сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и за јавните тоалети. Ова е еден од денешните заклучоци на Владата, донесен врз основа на препораките на кризниот штаб за справување со корона вирусот на Министерството за здравство. Ова следува откако овој вирус почна да се шири во Европа, вклучително и на...

Филипче: Патникот од Дубаи нема корона вирус

Патникот кој пристигнал од Дубаи пред шест дена и е хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на грип, нема корона вирус, туку грип од типот Б, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Пациентот допатувал пред неколку дена по шестдневен престој во Дубаи и имал симптоми слични на грип. Направени се потребните тестови и со ова лице цело време...

Филипче повика да не се шират лажни вести за заболени од корона вирус во државава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на неговиот твитер-профил повика да не се шират лажни вести за присуство на корона вирус во државата. „На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од корона вирус во Скопје. Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од корона вирус. Бидете одговорни и не ширете...

Нема да се прогласи епидемија на грип, ќе се ограничат посетите во јавните здравствени установи

Здравствените власти нема да прогласат епидемија на грип, иако училиштата и градинките се полупразни, а ординациите полни. Комисијата за заразни болести само донела одлука да се органичат посетите во сите јавни здравствени установи. Министерот за здравство, Венко Филиче, потврди дека, засега, не се прогласува епидемија. - Грипот е сезонска епидемија сам по себе. Евентуално Светската здравствена организација (СЗО) може да...

Итната медицинска помош дополнително ќе се зајакне со 70 возила

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешниот настан по повод промоција на реновираниот вакцинален пункт во Поликлиника Ѓорче Петров изјави дека во периодот што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со 70 возила. „Во период што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со возилата коишто ги очекуваме - набавени преку...

Филипче: Исполнуваме сѐ што бара СЗО од нас, комплетно сме подготвени за корона вирусот

Државите секојдневно добиваат серија препораки од Светската здравствена организација (СЗО) за тоа како да се справат и борат против корона вирусот, откако неодамна беше прогласена вонредна состојба од меѓународен карактер. Во меѓувреме, СЗО на здравствените власти ширум светот им испрати документ во вид на прашалник кој тие треба да го пополнат, а се однесува на подготвеноста на здравствените системи да...

Засега не се регистрирани лица заразени со корона вирусот во нашата земја

Во земјава засега нема регистрирано ниту еден случај на лице заразено со корона вирусот, а државните власти прават напори за максимална контрола на лицата кои патувале во Кина и пристигнуваат на скопскиот аеродром. Министерот за здравство, Венко Филипче, денес го посети медицинскиот тим на Меѓународниот аеродром Скопје, кој со употреба на термална камера успешно ја спроведува постапката за идентификација...

Филипче: Термокамерата и епидемолози на аеродромот „ловат“ заразени со коронавирусот

Термокамерата на скопскиот аеродром е веќе во функција, таму дежураат епидемиолози од Центарот за јавно здравје, а доколку некој од патниците е сомнителен за коронавирусот, со специјално возило на Брза помош ќе биде пренесен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, рече министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со коронавирусот во Кина и...

Скопските клиники добија 13 нови амбулатни возила

Министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Здравствен дом - Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, утрово ги промовираа новите 13 возила наменети за Поликлиниките во градот Скопје, информираат од Министерството за здравство. - 10 возила се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на материјали во работните единици во Здравствениот дом - потенцираше...

Во Охрид отворен Регионалниот центар за рани интервенции и третман кај деца со аутизам

Од денес во Охрид започна да функционира регионалниот Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар. Центарот е сместен во просториите на Општа болница – Охрид, а е опремен со најсовремена соодветна опрема која ги опфаќа сите потреби на децата, од психолошки развој до социјализација. Во име на општина Охрид, претседателката на Советот на општината,...

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски информираа дека бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре. За оваа сезона се набавени вкупно 28 илјади вакцини, кои се бесплатни и наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од шест месеци до пет години, бремени жени, како и здравствени работници. „Центрите...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...