fbpx

Филипче: Патникот од Дубаи нема корона вирус

-

Патникот кој пристигнал од Дубаи пред шест дена и е хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на грип, нема корона вирус, туку грип од типот Б, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Пациентот допатувал пред неколку дена по шестдневен престој во Дубаи и имал симптоми слични на грип. Направени се потребните тестови и со ова лице цело време се постапувало како со сомнителен случај на корона вирус.

Претходно беше сооопштено за уште еден пациент, кој допатувал од Милано, за кој исто така тестовите покажале дека нема корона вирус.

Министерот Филипче инаку реагираше преку Твитер и побара да не се шират шпекулации за заразени со новиот вирус во земјава.

Министерството за здравство апелира сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите, да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...