fbpx

Филипче: Термокамерата и епидемолози на аеродромот „ловат“ заразени со коронавирусот

-

Термокамерата на скопскиот аеродром е веќе во функција, таму дежураат епидемиолози од Центарот за јавно здравје, а доколку некој од патниците е сомнителен за коронавирусот, со специјално возило на Брза помош ќе биде пренесен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, рече министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со коронавирусот во Кина и поставената термо-камера на скопскиот аеродром.

– Кај нас стигнуваат авиони од Истанбул и Дубаи, за утрово имаме информација дека авионот од Истанбул бил откажан, односно пролонгиран за неколку часа. Системот е веќе воспоставен. Во текот на вчерашниот ден направен е распоред на епидемиолози од Центарот за јавно здравје, и тие ќе бидат присутни за време на скенирањето. Вчера, имавме работен состанок со директорот на ТАВ, излегоа во пресрет тие авиони секогаш да бидат насочени на еден или два излези, кои се многу блиску, од практичен аспект камерата да биде поставена на едно место, доколку треба да се користи собата за изолација – изјави министерот Филипче.

Доколку се констатира дека некој од патниците има покачена телесна температура, првиот чекор е разговор на епидемиолозите со него за тоа дали бил во Кина или дали имал контакт со заразени.

– Доколку има таков случај, има протокол за изолација, дезинфекција и на авионот и на просториите и соодветен пат којшто е веќе предвиден,со посебно возило на Брза помош само за таа цел на Инфективната клиника во Скопје – објасни министерот за здравство.

Тој рече и дека веќе има некои очекувања за тоа колку би можело да има потенцијално заразени.

– Секој кој нема директен контакт и не доаѓа од Кина ќе си оди преку преку матичниот лекар, а секој којшто доаѓа и има симптоми ќе се обрати на посебниот телефонски број, кој го има на дистрибуираните флаери од Институтот за јавно здравје. Работата е целосно под контрола и во овој момент не гледам ниту една причина за некаков ризик или паника – истакна Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...