fbpx

Филипче: Доаѓаат 20 туристи од Сингапур и Јапонија, сите ќе бидат прегледани

-

Се очекува утре да дојдат 20 туристи од Сингапур и од Јапонија, па епидемиолози од Институтот за јавно здравје ќе ги пречекаат и прегледаат, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече и дека засега нема забрана за локални настани, прашан што со најавите за помасовни собири на политичките партии што треба да се случат во наредниве денови.

– За ова меѓудругото ќе се дискутира на седница на Влада денеска, имајќи ги предвид сите настани кои се пред нас. Ние сепак ставивме акцент на настани на кои очекуваме да има поголеми групи од странство. На седницата ќе се дискутира за нашиот предлог за продолжување на препораката за неодржување на големи масовни собири и спортски натпревари без публика до 13 март. Бидејќи нема локална трансмисија на болеста, тоа е причина да не дадеме изрична забрана за локални настани, но будно ја следиме состојбата – рече Филипче.

Тој додаде дека во изминатото деноноќие нема нови тестирани за корона вирус на Клиниката за инфективни болести. Состојбата на пациентката е стабилна и нејзиниот контролен тест е негативн.

Во Европа бројот на заразени расте, над 5.000 е бројката, а во Србија има прв регистриран случај. Во Албанија, во Косово и во Црна Гора нема случаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...