fbpx

Се чекаат резултати за уште еден сомнителен случај, ќе се забранат јавните собири

-

Струмичанец, кој на 22 февруари дошол од Италија, се јавил денеска со симптоми на покачена телесна температура. Земени се материјали, резултатите ќе бидат готови во текот на денот, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Кога пристигнал пациентот немал симптоми, сега му се јавиле симптомите по што се јавил на еден од телефоните. Зависно од резултатите на тестот ќе постапиме понатаму. Двајца бугарски државјани кои се на работа во битолска фирма вчера се пријавиле дека биле во регионот на Северна Италија, но бидејќи не даваат податок дека биле во контакт со заболени лица, дадени им се совети да бидат дома и препораки каде да се јават ако имаат симптоми – изјави министерот.

Според Филипче, бројките укажуваат на тоа дека на светско и на европско ниво се јавуваат новозаболени пациенти во земји во кои досега немаше регистрирани случаи, на пример, во Нигерија, Естонија, Данска, Холандија и во Литванија.

– Вкупниот број на заболени со корона вирус во Европа е 774 лица, од кои 650 се во Италија. Затоа, имавме вчера состанок со Комисијата за заразни болести, а на средбата беше дадена препорака да се ограничат масовните јавни собири. Согласно Законот за спречување заразни болести, го предложив тоа до Владата, и тој предлог денес ќе биде ставен на седница на Влада која се организира специјално за оваа точка. Ова е мерка за превенција од ширење на вирусот. Масовните јавни собири се ризик, со фокус на двата карневали кои се планира да се одржат во следниве денови. Тоа што ќе препорачаме ќе биде мерката за забрана да важи најмалку една недела, со тоа што можно е потоа да се донесе и друга мерка, зависно како ќе се движи ситуацијата и кај нас и во регионот. Нашиот предлог ќе биде да се забранат сите собири каде што има голем број на луѓе. Во затворен простор е поголем ризикот, но и на отворен треба луѓето да се метар и пол оддалечени, а тоа не е возможно да се почитува. Треба да се откажат сите собири, вклучително и спортските натпревари – вели Филипче.

На прашањето, на кој начин се прави тест врз сомнителен пациент, тој појасни дека има повеќе вирусни палети и дека тоа е посебна метода која се прави во рамки на Институтот за јавно здравје.

– Технички подготовката и изведувањето на тестирањето може да трае меѓу три и седум часа. Прво се зимаат брисеви, индикација е да има пациент со симптоми и информација анамнестичка дека бил во контакт со некој заболен. Персоналот има протокол кој го следи како се влегува во самата лабораторија, како се подготвува самиот материјал. Многу често, заради технички причини мора и да се повтори тестирањето. Сè што преземаме досега се всушност припреми да го подготвуме здравствениот систем да можеме да реагираме на соодветна анализа и изолација и третман на пациентите. Ние не можеме да знаеме што можеме да очекуваме, но го спремаме системот да можеме да третираме пациенти и затоа се сите овие чекори кои ги преземаме. Станува збор за вирус за кој не знаеме сè – вели Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...