fbpx
Таг: Венко Филипче

таг: Венко Филипче

Филипче: Бројот на заболени сега е 35, се прават анализи на уште 30 лица

До 12 часот денеска, вкупната бројка на заболени лица со корона вирус во земјава е 35, иформира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Доцна синоќа биле изработени резултатите на четворица пациенти кои се позитивни, а биле во врска со четворицата лица од Дебар кај кои вчера беше дијагностициран вирусот. - Сите новодијагностицирани се со лесна клиничка слика, а стабилна...

Нови четири лица од Скопје позитивни на корона вирусот, вкупната бројка на заболени се зголеми на 35

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата до 12 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни четири лица од Скопје, a состојбата на сите пациенти е стабилна. „Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на...

Филипче: Очекуваме за еден месец да има околу 2.000 заразени

За околу еден месец, го очекуваме пикот на корона вирусот кога очекуваме дека бројката на заболени ќе се искачи на 2.000 лица, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Тој информира дека во моментов бројката е 26 заболени лица. - Состојбата на пациентите е стабилна, вклучително и состојбата на пациентката која е на респираторна машина, нема знаци за...

Бројката на заболени од корона вирусот во земјава се зголеми на 26

Нови три случаи на заболени со корона вирусот се потврдени заклучно со денешниот ден до 12 часот. Како што информира Министерството за здравство, денешната бројка на заболени со корона вирус во земјава изнесува 26 лица. Утрово биле тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје...

Петмина нови пациенти со корона вирус, се затвора скопскиот аеродром

Има пет нови случаи позитивни на корона вирусот, a за уште двајца тестирани во клиниката „Жан Митрев“ се чека потврда во лабораторијата на Инситутот за јавно здравје во текот на утрешниот ден, информира вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Со ова, вкупната бројка на заболени во моментов се искачи на 23 пациенти. Неговиот колега, министерот за надворешни работи Никола Димитров,...

Нема нови заболени со корона вирусот, првата пациентка е пуштена од болница

Новорегистрирани случаи на заболени со корона вирусот нема од саботата, но се тестираат седум пациенти со симптоми на обичен грип, од кои тројца се од Дебар, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче додавајќи дека двајца од пациентите кои денеска се тестираат се вратиле од патување во Австрија и во Германија. Тој посочи дека првата пациентка кај која...

Седуммина со симптоми се тестираат за корона вирусот, најголем дел повратници од странство

Седум нови пациенти од Тетово, Кичево, Штип, Куманово и од Охрид кои денеска се јавиле со симптоми на покачена телесна температура се тестирани за корона вирус и во текот на денот ќе ги соопштиме резултатите, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави примена на нови заклучоци и мерки кои биле договорени со директорите на скопските клиники, како и...

Шест нови заболени со корона вирус, се затвараат гранични премини, се забранува работата на кафулињата и обложувалниците

Шест нови пациенти се позитивни на корона вирус, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 19 лица, сосе првата пациентка која веќе е излечена, информира вечерва на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Како реакција на ваквите случувања владата воведува построги мерки за заштита на населението што вклучува затворање на гранични премини, забрана за работа на кафетерии,...

Спасовски: Лидерите на верските заедници ме уверија дека ќе ги почитуваат препораките

Техничкиот премиер Оливер Спасовски најави средба со лидерите на сите верски заедници во државата, на која ќе се разговара за заштитата на верниците од корона вирусот, со оглед на тоа дека во верските објекти тие се наоѓаат на мала дистанца со што се ставаат во ризик да заболат. - Разговарав поединечно со лидерите на сите верски заедници, ме уверија дека...

Вкупниот број на заболени од корона вирусот во Македонија достигна 13, најголем дел се од Дебар

Денеска во земјава се регистрирани четворица нови заболени со корона вирусот со што вкупната бројка на регистрирани заболени во Македонија достигна 13, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Сите четворица се од регионот на Дебар и се поврзани со брачната двојка кај која вирусот беше откриен на 6 март по нивното враќање од Италија. На жената од брачната двојка...

„Подадената рака“ на ВМРО-ДПМНЕ за справување со корона вирусот е спин со популистички шмек

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски излезе во јавноста со предлози до Владата за серија мерки за справување со корона вирусот, при што се препознава спин, т.е. извртување на вистината, пишува „Вистиномер.мк“. Мицкоски, по вчерашната лидерска средба, на која се разговараше за состојбата со корона вирусот во земјата, денеска излезе со спинување за „подадена рака“ кон власта за справување со ситуацијата....

Филипче предлага радикални мерки: Затворање на театри, кина, теретани и скратено работно време на кафулињата (инфографик)

На тројца од вкупно деветтемина пациенти со корона вирус на Клиниката за инфективни болести од синоќа лесно им се влошила состојбата и дишат поотежнато. Тројцата имаат над 65 години, но, како што информира министерот за здравство Венко Филипче, „засега не им е потребна респираторна поддршка“. Во меѓувреме, министерот посочи дека за корона вирусот се тестира уште еден пациент кој утрово...

Филипче: Не ги распуштивме школите за децата да ги полнат парковите и игротеките

Две нови лица се заразени со корона вирус, кои биле соседи на тројцата пациенти од Дебар и кои биле во чести контакти, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција. Тој информира дека сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа не се заболени од вирусот. - Заболените ќе останат во изолација и лекување во домашни услови. Нивната здравствена...

Дванаесет нови лица се тестираат дали имаат корона вирус

На Клиниката за инфективни болести има седум пациенти со корона вирус и сите се со стабилна состојба и со лесна клиничка слика. Во моментов се тестираат 12 пациенти, двајца на Клиниката кои имале знаци за грип, а и двајцата патувале во Италија и дошле овде пред пет дена, информира министерот за здравство, Венко Филипче. - Осум други лица од Дебар...

Контраспин: Освен од Филипче, ВМРО-ДПМНЕ да побара оставка и од Конте

Користење на опасна епидемија за политички поени пред избори е неетички, пишува „Вистиномер.мк“. Токму тоа го прави опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која сака да изгрди своја среќа на несреќа на општеството и е цивилизациски феномен, корона висрусот. Оттука, спин е дека министерот Филипче е најодговорниот за случајот со несовесната лекарка од скопската клиника. Најновиот спин го изрече високата функционерка на ВМРО-ДПМНЕ,...

Распуст до 25 март за градинките, школите и факултетите и нови, построги мерки против ширењето на корона вирусот

Утрово имавме состанок на Комисијата за заразни болести, на кој беа предложени дополнителни мерки во врска со проблемот со корона вирусот, особено по првиот случај на локална трансмисија, откако тројцата луѓе кои биле во контакт со лицата од Дебар, беа позитивни, а кои сега се сместени на Клиниката за инфективни болести, информира пред малку министерот за здравство Венко Филипче. -...

Во изолација децата на родители што биле на симпозиум со „корона директорката“

Тројца ученици од основното училиште „Владо Тасевски“ во Козле, а чии родители биле на симпозиумот со директорката на Клиниката за кожни болести заразена со корона вирус, од денеска се во изолација. Информацијата за „Мета.мк“ ја потврди градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. Уште два ученика од ОУ „Братство и единство“ се во изолација. - Однесувањето на директорката е безобразно и неодговорно....

Во изолација 64 вработени на Клиниката за кожно, директорката ќе биде разрешена после изборите

Иако ги спроведовме сите мерки на претпазливост, ова со што се соочивме денеска, е нешто што нè разочара. Ќе се преземат мерки за директорката на Клиниката за кожни болести, во првата следна можност ќе биде разрешена од функцијата, а тоа е по изборите, бидејќи сега формално-правно не може, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави дека клиниката ќе...

Директорката нa Kожна клиника заболена од корона, комуницирала со вработени, ќе се затвора цел оддел

Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Билјановска е четвртата заболена во земјава со корона вирус, откако пред една недела се вратила од патување Италија, информира на прес-конференција министерот Венко Филипче, кој изрази разочарување од неодговорното однесување на докторката. - На клиниката за инфективни доцна синоќа е утврдено дека таа е позитивна на корона вирус. Сега во овие моменти...

Сопружниците од Дебар со корона вирус од Италија се возеле со 40 патници кои се симнале и во Скопје и во Куманово

Имаме два нови случаи позитивни со корона вирусот, тоа се двајца сопружници на 62 и на 68 годишна возраст кои овде стигнале на 27 минатиот месец од Северна Италија, информира министерот за здравство Венко Филипче. - После влезот во земјава, од автобусот патници се симнале во Куманово, во Скопје и во Дебар. Сопружниците немале никакви симптоми, но на 2 март...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...